Регион
Бројот на жртвите во Истанбул се зголеми на 41
Според последните официјални информации 41 лице е убиено а 239 се ранети во самоубиствени бомбашки напад врз главниот меѓународен истанбулски аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“, најголемиот во регионот и важен меѓународен сообраќаен јазол, пренесуваат турските медиуми.
Тројца мажи го нападнаа терминалот за пристигнувања во вторникот околу 21.30 часот. Тројцата напаѓачи прво отвориле неселективен оган, а потоа се разнеле со експлозивните направи кои ги носеле на себе.
Меѓу загинатите има и тринаесет странски државјани, петмина од Саудиска Арабија, двајца од Ирак и по еден државјанин на Тунис, Узбекистан, Кина, Иран, Украина и Јордан..
Македонското министерството за надворешни работи соопшти дека досега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи во вторник вечерта.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дена овој напад треба да претставува пресвртница во глобалната борба против тероризмот за кој рече дека „нема обѕири ниту за верата, ниту за вредностите“.
Двајца американските функционери оценуваат дека нападот во Истанбул е потипичен за екстремната сунитска организација Исламска држава отколку за курдските герилци кои ги напаѓаат турските безбедносни сили и симболите на турската држава.
Забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во меѓувреме соопшти дека не стои зад нападот бидејќи нејзината борба не подразбира „напади врз цивили и оние Турци кои војуваат против курдскиот народ“. Турција, инаку, е членка на меѓународната коалиција предводена во САД во борбата против Исламската држава во Ирак и Сирија, што е мотив џихадистите да напаѓаат цели на турска територија.
Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека е многу интригантно што нападот се случи во моментот кога Турција бележи успеси во борбата против терористичките групи и ги поправува влошените односи со своите поранешни стратешки партнери.
Турција во вторникот објави обновување на дипломатските односи со Израел, шест години по нивното замрзнување, а во средата по ноември минатата година и соборувањето на рускиот борбен авион, првпат телефонски разговараа рускиот и турскиот претседател определувајќи се за нормализација на билатералните односи.
Еден од американските функционери кои зборувале за Reuters вели дека дошло до „видливо зголемување“ на шифрираната комуникација и пропагандата на Исламската држава на „дарк вебот“ кој служи за објавување илегални активности. Некои американски функционери тоа го толкуваат како обид следбениците да бидат наведувани а извршување што повеќе терористички напади. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

