Регион
Ципрас веќе разговараше со Каменос за формирање влада

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на гласањето на предвремените парламентарни избори и објавувањето на прелиминарните резултати кои покажуваат дека во водство е неговата коалиција на радикалната левица Сириза, разговарал со лидерот на крајно десната партија Независни Грци (Анел), Панос Каменос, и ја потврдиле натамошната соработка во идната влада, потврдиле партиски избори.
„Ципрас и Каменос ја потврдија соработката во владата. Сириза и Анел имаат намера да соработуваат без други партнери во коалицијата. Се чини дека во овој случај, формирање трипартитна влада нема да биде потребно“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Според последните резултати по обработените 37 отсто од избирачките материјали, министерството за внатрешни работи објави дека Сириза е во водство со 35,45 отсто, пред Нова демократија којашто има 28,09 отсто од гласовите.
Според оваа проекција, Сириза би имала 145 мандати во 300-члениот парламент, додека Нова демократија би имала 75 пратеници, а останатите ќе бидат поделени меѓу неонацистичката Златна зора и националистичката Независни Грци, како и некои помали партии кои може да се на работ да го минат изборниот праг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.