Регион
Црна Гора: Почна парламентарната расправа за доверба на владата
Црногорскиот парламент ја започна во понеделникот рано попладнето расправата којашто ќе заврши во вторник, според претходниот договор, со гласање за доверба на владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, кој на 53-годишна возраст на власт во Црна Гора е без прекин веќе 25 година, а премиер, по шести пат, стана во 2012 година, додека претседател беше во периодот од 1998 до 2002 година.
Образложувајќи ја владината иницијатива за доверба, премиерот Мило Ѓукановиќ во Скупштината (парламентот) на Црна Гора рече дека непосреден повод за иницијативата биле оцените на функционерите на Социјалдемократската партија (СДП) поради губењето на политичката поддршка актуелната влада да има технички карактер.
„За одговорните политички субјекти таквото тврдење бара неодложна проверка“, изјави Ѓукановиќ и порача дека по оваа седница на парламентот повеќе нема да има место за улогите на оние до СДСП „кои се навикнаа истовремено да бидат и власт и опозиција“.
„Владата бара поделби во парламентот, послушници кои нема да гласаат како слободни луѓе“, возврати претседателот на Скупштината од СДСП, Ранко Кривокапиќ
Додека во парламентот трае расправата, на платото пред Скупштината на Црна Гора се одржуваат протести на припадниците на опозицскиот Демократски фронт (ДФ), коишто велат дека го очекуваат падот на владата на Ѓукановиќ.
Претходно во неделата вечерта неколку илјади граѓани протестираа во црногорската престолнина Подгорица на повик на опозицијата против владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.
Тоа беше прв дел од протестите на делот од опозицијата групирана околу Демократскиот фронт (ДФ), којашто ги обира главно партиите кои се противеа на растурањето на државниот сојуз со Србија, а кои на импровизираниот неформален народен парламент ѝ укажаа недоверба на владата на Ѓукановиќ и донесоа одлука за формирање преодна влада, којашто, како што велат, би требало да подготви и проведе „фер и демократски избори“. Другиот дел од протестите, како што најавија, се одржуваат додека трае вонредната седница на парламентот на којашто се расправа за довербата на владата.
Досега за недоверба на владата се изјаснија сите опозициски партии од граѓанскиот и од ткн просрпски блок, освен Позитивна Црна гора. Таа партија подготви план за излегување на земјата од политичката криза, кој ќе ѝ го понуди на владата на усвојување, што ќе биде нејзин услов да давање поддршка од што зависи дали Ѓукановиќ ќе го преживее гласањето, имајќи предвид дека Социјалдемократската партија (СДСП) на Ранко Кривокапиќ, по 18 години, ја раскина коалицијата со владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ.
Со Ѓукановиќ останаа единствено националните партии на малцинствата — албанските, бошњачките и хрватските партии, како и Либералниот сојуз (ЛС), и сите заедно имаат 39 пратеници, што е недоволно да се изгласа доверба за што е потребен 41 глас во парламентот. Оттаму, трите гласа на партијата Позитивна Црна Гора се клучни за владата на Ѓукановиќ да добие доверба.
А тие деновиве беа предупредени од Европскиот парламент „да водат сметка“ како ќе гласаат „за на власт да не дојдат силите кои се противат на влегувањето на Црна ора во НАТО и кои ја поддржуваат руската политика“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.