Контакт

Регион

Двајца мртви и 21 ранет во судир во атинскиот затвор Коридалос

Објавено пред

Две лица се убиени а најмалку 21 е рането во неделата навечер во судир меѓу затворениците кои започнал со кавга меѓу Пакистанци и Албанци, објави грчкото министерство за правда за инцидентот во добро чуваниот затвор Коридалос близу Атина.

dobivaj vesti na viber

Според атинските медиуми кои се повикуваат на извори од истражните органи, во пренатрупаниот затвор две групи затворениците Албанци и Пакистанци, се судриле со импровизирано оружје од засега непознати причини.

Осум повредени лица се наоѓаат во тешка состојба, велат полициски извори, а возилата на итната медицинска помош ги пренеле повредените во атинските болници.

Затворот Корудалос го бие лош глас поради пренатрупаноста. Во него, исто така, има најразличен вид осуденици, од обични престапници, анархисти, политичари, терористи… во него се по политички познати личности, како на пример челниците на неонацистичката партија Златна зора, чиешто судење треба да продолжи во четврток./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро во Грција.

dobivaj vesti na viber

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лефкада.

„Столот се тресеше многу“, „Беше краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Прикажи повеќе...

Регион

На улиците во Атина температурата е повисока од 70 степени

Објавено пред

Грците стоички го поднесуваат топлотниот бран кој, според метеоролозите, ја „пржи“ земјата и кој ќе трае до крајот на неделата. Улиците се пусти, животот како да замрел, на плажите, што ретко се гледа, речиси и да нема капачи, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Моментално, според написите, постои опасност од пожар на Халкидики, Тасос и Евија, а воведени се посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.

Вчера, во раните утрински часови, термалните камери веќе регистрираа температура од над 70 степени на асфалтот и зградите во Атина. Акрополо како главна атракција во Атина е затворена за посета од 12:00 до 17:00 часот. Улиците се исто така пусти, има многу помалку сообраќај, туристите се ограничуваат на прошетки низ тесните улички и посета на Националниот парк. Грчките власти отворија во секоја општина јавен простор со климатизација каде што жителите и гостите можат да се заштитат од топлината, на некои места во центарот, особено на Синтагма, се делат шишиња со вода. Сите работи на отворено се забранети, работата на службите за брза достава е ограничена.

Топлотниот бран ја зафати целата земја, а опасноста од пожари е зголемена, особено во таканаречените портокалови зони кои моментално се прогласени во централна Грција, источен Пелопонез и јужните острови. Сепак, се стравува дека ветерот ќе се засили кон крајот на неделата, што би можело да предизвика нови пожари. Досега се регистрирани 40 пожари дневно, најдраматичен беше во Коринт, каде што во изминатите два дена изгореа 1.200 хектари борова шума и десетина куќи, населението беше евакуирано од шест општини, од кои Кастања беше најтешко погодена, според написите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Седумгодишно дете се удави во Грција: уапсени се родителите

Објавено пред

Родителите на седумгодишно дете се уапсени од страна на грчката крајбрежна стража под обвинение за изложување на малолетник на опасност, а досието за случајот веќе е испратено до надлежниот обвинител, јавуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Седумгодишното дете инаку француски државјанин според последните информации, носело маска за пливање и пловело во водата, без да се движи, а неговите родители првично мислеле дека само си игра но подоцна забележале дека не реагира. Капачи, спасители на EKAB се упатиле кон местото на настанот, но и покрај нивните напори, детето починало. Според написите во тамошните медиуми детето наводно јадело храна два часа пред да влезе во водата, пишува „Неакрити“.

Според официјалното соопштение на Крајбрежната стража „вчера напладне, Пристанишната управа на Ираклион беше информирана дека 7-годишен странец (француски државјанин) е извлечен во несвест од плажата Маде во општина Малевизи.

Во написите се наведува дека 7-годишниот Французин бил на Крит со своите родители на неколкудневен одмор. Вчера, тие отишле како семејство на плажата Маде за да се искапат попладне.

Во еден момент, 7-годишникот ја изгубил свеста додека пливал, а спасувачот го лоцирал и го извлекол од морето. Со извршување на кардиопулмонална реанимација врз него, тој бил вратен во живот и со амбулантно возило на EKAB  бил транспортиран во болница.

За инцидентот е наредена обдукција за да се разјаснат причините за неговата смрт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија18 минути

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија32 минути

(Фото) Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија52 минути

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија1 час

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија2 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ2 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет3 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет4 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет5 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија5 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија15 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија16 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија17 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија21 час

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ21 час

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија22 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија24 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет24 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...