Регион
ЕУ финансиски ќе му помогне на западен Балкан во борбата против исламската радикализација
Европската унија (ЕУ) со финансиска помош од 10 милиони евра ќе им помогне на земјите од западен Балкан во борбата против исламската радикализација и приливот на терористите, пишува српската агенција Бета.
Предлогот од страна на Европската комисија (ЕК) доаѓа во рамките на засилената борба против тероризмот на тлото на Европа, а особено било укажана и потребата од итно активирање на планот за соработка меѓу ЕУ и државите од западен Балкан во спречувањето на шверцот на огненото оружје кое во големи количини од регионот се шверцува во Унијата.
Новите мерки на ЕУ ќе вклучуваат и подобрување на досега недоволната разузнавачка соработка и размена на информации помеѓу самите членки на ЕУ, нешто што би се одвивало „во најстрога доверливост“ преку полициската агенција на ЕУ, Европол, во рамките на Европскиот антитерористички центар.
Членките на ЕУ и Комисијата истовремено, како што укажала и портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич, „го осудиле страшниот и злосторнички напад“ на исламските терористи врз полициската станица во Зворник и потенцирале дека „тоа е напад на институциите на БиХ кои делуваат за да ги заштитат и обезбедат интересите на народот на БиХ“.
Високиот функционер на ЕК задолжен за борбата против тероризмот, Жил де Керков неодамна во расправа за безбедноста при Европскиот парламент ставил до знаење дека ќе се следи делувањето на исламските терористи во Босна.
На прашањето дали новите мерки за соработката со западен Балкан во сузбивањето на тероризмот значи дека се гледа и опасност од широко поврзување на исламските терористи во регионот или преку регионот, што македонскиот претседател Ѓорге Иванов своевремено го нарече „закана од создавање на балкански калифат“, европските дипломатски извори одговориле дека „такви сознанија не постојат“, пишува Бета.
Меѓутоа тие потенцирале дека скривалишта и јатаци на исламските терористи, вклучувајќи ги Ал-Каеда и „калифатот“ на Исламска држава, постојат во делови од западен Балкан, особено во Босна, Албанија, Косово, па и во Македонија, бидејќи од таму во редовите на Исламска држава во Сирија и Ирак се регрутирани повеќе од стотина екстремисти.
Европските дипломати изјавила дека за ова сведочи и фактот што бугарските власти неодамна на бугарска територија уапсиле исламски екстремисти кои патувале од Ирак и Сирија во оваа земја.
Во документот на ЕК, односно Европската програма за безбедност 2015-2020 исто така се подвлекува дека „шверцувањето на оружја прераснало во голема опасност, бидејќи голема количина на огнено оружје се шверцуваат од ЕУ во соседните земји, каде постојат големи залихи на воено наоружување“.
Во тој документ исто така се наведува дека „неодамнешниот оперативен акциски план со државите на западен Балкан мора целосно да се спроведе, и доколку се покаже како делотворен, мора да се примени на другите соседи, особено на Блискиот исток и на северот на Африка“.
Европските претставници укажале на пораката од страна на ЕК дека „неодамнешните терористички напади на вредностите на Европа се насочени и преку границите“.
„Тоа покажува дека мораме заедно да се бориме за да ја победиме таа закана, а прекуграничните предизвици ја доведуваат до прашање способноста на одредени земји да се борат со тоа, така што тоа бара поддршка од ЕУ во градењето на доверба за соработка, размена на информации и заедничко делување“, навеле тие.
Европските претставници потенцирале дека оваа состојба во ЕУ станала доста чувствително политичко прашање и поради тоа што, како што покажуваат последните истражувања на Евробарометар, скоро половина од граѓаните на ЕУ сметаат дека тероризмот е главната неволја со која се соочуваат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.