Регион
Ѓулен вели дека пучот во Турција можеби е исцениран

Муслиманскиот клерик Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, САД, чии следбеници турската влада ги обвинува за правење „паралелни структури“ и за пропаднатиот воен удар, изјави во саботата дека обидот за соборување на власта можеби бил исцениран и го повика турскиот народ да не ја гледа воената интервенција како нешто позитивно.
„Постојат мали изгледи, постои можност дека тоа би можело да биде исцениран пуч. Би можел да биде наменет за судски обвиненија…“, рекол Ѓулен за Reuters преку преведувач во американската сојузна држава Пенсилванија каде што живее.
Ѓулен рекол дека демократијата не може да се постигне со воена акција. Повторно ја критикувал владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, свој некогашен голем сојузник.
„Изгледа дека не трпи никакво движење, која и да е група која и да е организација, коишто не се под негова целосна контрола“, изјавил контроверзниот проповедник, против кого во Турција се води процес, а Анкара најави дека од Вашингтон ќе бара негова екстрадиција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.