Регион
Илјадници жители избегаа од турски Силван поради судирите
Неколку илјади жители на градот Силван во југоисточната турска покраина Дијарбекир претежно со курдско население, биле принудени да ги напуштат своите домови поради судирите меѓу турските безбедносни сили и герилците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), пренесува весник Hurriyet.
Во Силван во последните десет дена турските безбедносни служби спроведуваат антерористичка операција и на сила стапи полициски час.„Како што изјавија претседателот и премиерот, борбата против терористичката организација (PKK е ставена на листата терористички организации и на САД и на ЕУ – з.р.) ќе продолжи. Операцијата во три кварта на Силван ќе се спроведува сé додека тие не бидат целосно заштитени од припадниците на терористичката организација“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Селам Алтинок.Безбедносните сили се обидуваат да ги отстранат барикадите и да ги затрупаат рововите со чија помош борците на PKK им го попречуваат влезот во градот на полициските и воените сили. На улиците постојано се слушаат истрели, пренесуваат медиуми. Според претседателот на Турското здружение на занаетчиите Мухтин Кан, градот го напуштиле околу 10.000 жители, чиишто домови претрпеле оштетувања во текот на судирите., пренесува агенцијата Dogan.„Ситуацијата овде е речиси како воена. Во операцијата се вклучени оклопни возила и хеликоптери. Квартот, во кој се наоѓаат тројца наши партиски колеги, од средата е под интензивен оган. Успеавме со нив да имаме само еден кус телефонски разговор… Тие говорат дека во судирите има убиени и ранети. Тоа силно нé вознемирува…“, изјавил Идрис Балукен, турски парламентарец од прокурдската Народна демократска партија (HDP).Според локалните власти, еден војник и еден полицаец биле убиени во средата во судирите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници, а ранети се уште четворица војници и еден полицаец. Во борбите загинале и петмина припадници на PKK.Безбедносната ситуација во Турција се влоши по 20-ти јули кога Исламската држава во градот Суруч во близина на границата со Сирија изведе самоубиствен терористички напад во кој загинаа повеќе од 30 прокурдски активисти.и по убиството на двајца полицајци во југоисточните области за што одговорноста ја презема PKK. Само во последните три месеца курдските герилци убија повеќе од 160 турски полицајци и војници, додека според официјална Анкара убиени се неколку илјади припадници на PKK.. Од 24-ти јули турските воздушни сили вршат напади врз цели на PKK во југоисточна Турција и во северен Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.