Регион
Разнишана стабилноста на албанската влада

Главните партнери во албанската влада, Социјалистичката партија и партијата Движање за социјалистичка интеграција продолжуваат со несогласувања и покрај тоа што пред една седмица во Собранието беше изгласана реформата во Правниот систем со консензус на власта и опозицијата.
Клучните луѓе во двете владини партии не кријат дека се повекле и оти има несогласувања меѓу партнерите во власта.
Така весникот Мапо во средата пишува дека претседателот на Собранието, Илир Мета, ја прекинал посетата на САД и се вратил во Тирана со цел да ги расчисти, како што наведува весникот, одредени односи со својот владин партнер социјалистите.
Фатмир Џафа, висок партиски функционер и влијателна личност меѓу албанските социјалисти, кој во неколку наврати беше и министер во владите на социјалистите, отворено изјави дека односите со Мета не се добри и притоа ја изнесе оцената дека тие одден наден се сé полоши.
Албанските аналитичари оценуваат дека Мета, кој пред да биде на власт со левицата беше на власт и со десницата, повторно прави заговор против премиерот Еди Рама и оти води преговори со лидерот на опозицијата, демократот Лулзим Баша. Притоа се оценува дека Мета се обидува земјата да ја внесе во предвремени избори и да добие повеќе леви приврзаници за потоа да влезе во владата на деницата./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.