Регион
САД и ЕУ ја повикаа Турција да ги заштити демократските вредности
Американскиот Стејт департмент и Европската унија остро ги осудија во неделата за апсења низ Турција, и ги повикаа властите во Анкара да ја заштити слободата на медиумите и другите демократски вредности.
Стејт департментот одблизу ги следи извештаите за апсењата и акциите коишто се водат против приврзаниците на верскиот духовен лидер Фетула Ѓулен кои од политичките сојузници станаа противници на исламско конзервативниот претседателот на Реџеп Тајип Ердоган, како и против претставниците на медиуми кои ја критикуваа турската владата, а се цел на акциите што ги спроведуваат турските безбедносните сили, изјави портпаролката Џен Псаки.
„Слободата на медиумите, почитување на правната процедура и независноста на судството, се клучни елементи во секоја здрава демократија и дел се од турскиот устав. Како и пријател и сојузник на Турција, ги повикуваме турските власти да гарантираат дека со своите акции нема да ги прекршат споменатите вредности, како ниту турските демократските темели“, истакне Псаки.
Европската унија остро ги осуди апсењата во Турција, којашто со години преговара за влез во ЕУ. Во невообичаеното остро соопштението од Брисел, се истакнува дека акциите коишто беа спроведени во неделата наутро не се во согласност со европските вредности, забележува Reuters.
„Полициските акции и апсења на голем број новинари и претставниците на медиумите во Турција не се во согласност со слободата на медиумите, што е основно начело на демократијата. Оваа операција е во спротивност со европските вредности и стандарди“, се наведува во заедничкото соопштение на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерина и еврокомесарот за соседство и проширување Јоханес Хан.
Антитерористичката единици на полицијата спровела во неделата наутро акции во 13 градови вклучително и Истанбул,приведувајќи најмалку 24 луѓе, меѓу кои и еден од главните челниците на телевизиската станица, блиски на Фетулах Ѓулан. Акции на апсења ималои во централнта провинција Ескишехир и во источните провинции Ван и Ерзурум, во којашто е успен висок полициски офицер.
Меѓу уапсените е директорот на телевизјата Samanyolu, хидает Кара, продуцентите на телевизијата Салих аслан и Енгин Коч, и сценаристот на играната програма Макбул Чам. Според адвокатот Тургај Балабана, тие се убвинети за учество во „странски заговор“
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган најави пред два дена нова операција против приврзаниците на својот заколнат непријател, кого го обвинува дека минатата година го раководел покренувањето на истраги против корупцијата меѓу членовите на неговите најблиски соработници.
Налози за апсења се издадени за 32 лица, меѓу кои е и Екрем Думанли, главниот уредник на весникот Zaman, еден од најголемите турски дневни весници.
Во саботата претпладнето голем број демонстранти се собраа пред редакцијата на весникот периферијата од Истанбул, предизвикувајќи хаос и принудувајќи ја полицијата да ја напушти зградата, а да не упаси ниеден соработник на весникот. „Слободата на печатот не може да биде замолчена во молк“, извикувала масата вознак на поддршка на Екрем Думанли.
Новата полициска операција е последната во серијата апсења којашто од почетокот на јули ги спроведува владата против онаа појава што Ердоган ја нарекува „паралелна држава“ во редовите на безбедносните сили која има цел да ја урне неговата партија од власт.
Исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот на Ердоган е на власт во Турција од 2002 година, а минатата зима влезе во судир со движењето на 73-годишниот Ѓулен, кого го обвинува дека воспоставува „држава во држава“ и дека прави заговори за да ја турне од власт.
Движењето на Ѓулен – Хизмет негира дека на кој и да е начин е вмешан во истрагата поради корупцијата во којашто наводно се вмешани политичари од најтесното опкружување на Ердоган./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.