Регион
САД повторно „итно“ ги предупредија своите граѓани за можни напади во Турција

САД повторно во кус период ноќта кон средата ги предупредија американските државјани во Турција за веродостојни закани од терористички напади во туристичките локации во оваа земја.
„Американската влада продолжува да прима веродостојни знаци дека терористичките групи бараат можност за напади во популарните туристички дестинации ширум Турција“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Анкара.
Терористичките организации особено за цел ги имаат странските туристи во Турција, истакнува амбасадата во „итната порака“ упатена до американските државјани.
На 9-ти април САД, исто така, ги предупредија своите државјани на опасноста од можни терористички напади врз туристите во турскиот мегалополис Истанбул и во големиот туристички центар Анталија, во земјата во којашто последните девет месеци се изведени серија смртоносни напади со стотици жртви.
Во март бомбаш самоубиец се разнесе во центарот на Истанбул и уби четири странски туристи, од кои тројца беа Израелци, а еден Иранец. Претходно во јануари 12 туристи, претежно германски, загинаа во Истанбул во сличен самоубиствен бомбашки напад, а за двата турските власти ја обвинија екстремната сунитска организација Исламска држава.
Турските коментатори предупредуваат дека комбинираниот ефект од терористичките напади, војната во соседна Сирија и остриот дипломатски според со Русија, само од чии туристи минатата година инкасираше 4 милијади долари, може да има разурнувачки ефект врз витално важниот за Турција туристички сектор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.