Регион
Сараево: Убиените војници се Бошњак и Србин, опколена куќата на напаѓачот
Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, Аљоша Чимпара, изјави во Сараево ноќта кон четвртокот дека полицијата по убиството на двајцата војници, Бошњак и Србин по националност, ја контролира безбедносната ситуација, и дека нема причина за паника, и оцени дека е рано за квалификации за карактерот на нападот, иако очевидци тврдат дека напаѓачот бил облечен како исламист, додека полициски извори велат дека тој е опколен во куќа во којашто се забарикадирал и се обидуваат да преговараат за негово предавање.
Според репортерите на електронските изданија на весниците Avaz и Vijesti, полицијата го лоцирала напаѓачот, идентификуван како Енес Омерагиќ, во местото Сокоље, во коешто живеел, каде припадници на Единицата за поддршка го блокирала семејниот објект, но и околните куќи. Според непроверени информации, осомничениот се наоѓа во куќата, а полициските специјалци се обидуваат со него да преговараат, за „на најефикасен начин да биде уапсен“.Полицајците и припадниците на Државната агенција за истрага и заштита (SIPA), според медиумите, исто така, се присутни во споменатата населба, и ги пренасочуваат возилата кон други правци.„Станува збор за гнасно злосторство, убиени се двајца припадници на вооружените сили, а еден е ранет. Мораме да го утврдиме мотивот, кои се причините за нападот и потоа ќе можеме да кажеме нешто повеќе“, изјавил министерот Чампара во сараевското предградие Рајловац каде во обложувалница бил изведен нападот, меѓу 19.30 и 20 часот во средата навечер.Очевидци ѝ изјавиле на полицијата дека напаѓачот наводно бил облечен како вехабит, припадник на радикалното исламистичко движење кое има бројни доследни следбеници во Босна, со што беа поттикнати шпекулациите дека можеби станува збор за терористички напад, по неодамнешните повторени закани од порталите кои ги поддржуваат радикалните исламистички групи. „Ги замолувам граѓаните да останат смирени. Полицијата ја работи својата работа и имаме сили да се справиме со ова“, изјавил федералниот министер за надворешни работи. Убиените војници се идентификувани како 26-годишниот Армин Салкиќ и 34-годишниот Недељко Радиќ, Бошњак и Србин. Двајцата биле возачи во единицата на воената полиција стационирана во касарната во Рајловац./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

