Регион
Во Албанија откриени 40 илегални имигранти од Еритреја, петмина хоспитализирани

Албанската полиција во вторникот напладне откри и приведе 40 илегални имигранти од Еритреја во близина на Валона во јужниот дел на земјата.
Албанското министерство за внатрешни работи информираше дека имигрантите се откриени на албанска територија, по нивното илегално влегување во Албанија преку планините од Грција.
Поради одредени здравствени проблеми, петмина од имигрантите се префрлени во болницата во Валона на лекување, но засега нема информации за каква болест станува збор. Сепак, за секој случај лекарските наоди се испратени на анализа во Тирана поради детални испитувања во државниот Институт за јавно здравство.
Во Албанија преку Грција на нелегален начин само досега годинава се влезени и откриени повеќе од 400 имигранти, претежно од сиромашните африкански и азиски земји. Меѓутоа, тамошните медиуми наведуваат дека таа бројка е многу поголема, бидејќи меѓународната трговијата со луѓе пренесува голем број имигранти од повеќе земји на Африка и Азија, коишто имаат намера преки земјите од Балканот да дојдат во некој од земјите на ЕУ./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.