Регион
Жена и дете загинаа во експлозија крај Осијек, уште две деца ранети

– (Архивска илустрација)
Две лица, 37-годишна жена и малолетно момче смртно настрадаа во експлозија која одекнала околу пладне во местото Бијело Брдо крај Осјек, а уште две деца се повредени. Сите се од едно семејство, а според првичните сознанија децата дома донесле бомба која ја однеле од блиското игралиште.
Две лица, 37-годишна жена и малолетно момче смртно настрадаа во експлозија која одекнала околу пладне во местото Бијело Брдо крај Осјек, а уште две деца се повредени. Сите се од едно семејство, а според првичните сознанија децата дома донесле бомба која ја однеле од блиското игралиште.
Како што пренесува агенцијата Hina, полициските службеници по доаѓањето на местото на несреќата во семејна куќа нашле безживотни тела на 37-годишна жена и на седумгодишно момченце. Други две децата, девојченца на возраст од 8 и 9 години, биле пренесени во осјечкиот Клинички болнички центар.
Повреденото девојченце ја спасило својата сестричка, изнесувајќи ја од куќата а потоа се струполила на земјата. Нејзиното повредено братче истрчало на улицата целото во крв, изјавиле соседите очевидци. Несреќното семејство има шест деца, а во моментот на трагедијата во куќата биле четири.
Според првичните информации од роднините и соседите, децата на блиското игралиште наводно нашле три бомби, а две однеле дома. На истото игралиште ден претходно со таткото чувале овци. „Никакви бомби немаше вчера, не ми е јасно каква личност може да остави бомби на место каде играат деца“, запрашал еден од роднините.
Според портпаролот на Осјечко-барањската полициска управа, Дарио Премец, станува збор за експлозија од засега непознато експлозивно тело, и се очекуваат резултатите од увидот на истражните органи./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.