Свет
Стивен Хокинг хоспитализиран во Рим
Светскиот познатиот британски физичар и космолог Стивен Хокинг е хоспитализиран во Рим поради прегледи, откако не се почувствувал добро, но се верува дека неговата состојба е сериозна, изјави во петокот неговиот портпарол.
Според Reuters 74-годишниот Стивен Хокинг пристигна во италијанската престолнина Рим за да учествува на конференцијата на Понтификалната (папска) академија на науките, и се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во понеделникот.
Во римската болница „Гемели“, којашто се смета за една од најдобрите римски болници во кои се лекуваат папите, бил примен во четвртокот ноќта.
Портпаролот и ватикански извор рекле дека не веруваат оти Хокинг, кој боледува од болеста на моторичките неврони, е во сериозна состојба. Ватиканскиот извор рекол дека не се изменети плановите Хокинг и неговата придружба да отпатуваат во сабота.,
Хокинг, кој се прослави со книгата „Куса историја на времето“, продадена во тиражи од 10 милиони примероци, зборува преку компјутер и патува со придружба во која се вклучени и две болничарки. Тој одржа говор во Ватикан, на 25-ти ноември за потеклото на Вселената.
Хоинг, теоретски физичар е познат како популаризатор на науката, се занимава со потеклото на космолошката посебност, односно привичната состојба на Вселената, од којашто таа, според теоријата за Големиот тресок, постојано се шири.
Во 1963 година, на тогаш 22-годишниот Стивен Хокинг му била дијагностицирана „амиотрофична латерална склероза“ (АЛС). Лекарите тогаш сметале дека му преостануваат уште две до три години живот. За среќа нивните предвидувања не се остварија, тој ја продолжи својата научна работа, двапати се женеше и е татко на три деца. Дури и целосно парализиран и врзан за специјално опремената количка, Хокинг води доста активен живот, се занимава со науката, предава, и настапува на научни собири ширум светот, општејќи со светот преку специјалниот компјутеризираниот синтетизатор на говорот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

