Контакт

Македонија

(Видео) Заев најави 10 приоритети за в година – на прво место е прочистување на судството

Објавено пред

„Без разлика што ЕУ испрати лош сигнал за проширувањето, сите ние, и како држава, и како Влада и како народ, остануваме посветени на истиот стратешки колосек. Нема отстапување од стремежите за остварување на стратешките цели, кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: постигнување и одржување добрососедски односи, активно учество во алијансата како членка во НАТО и непоколеблива посветеност кон членството во ЕУ. Дома нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрувањето на преговарачката рамка да предизвика застој во внатрешните реформи. Напротив, со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома“, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција, на која ги презентира проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!“ за 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Во „Акција 21“ се вклучени 10 приоритети, а број 1 на листата е – прочистувањето во правосудството. „Во финалето сме на длабоките и суштински реформи во правосудството преку ефикасно и објективно прочистување на судството и Обвинителството. Стигнавме до тука по тешка битка со противниците на правдата. За некои од нив, за Мицкоски, на пример, во неколку наврати јавно чувме дека се единствени на браникот на криминалот – го знаевме тоа, затоа беа против Законот за Јавното обвинителство, кој како владејачко мнозинство го донесовме во Собранието.
Како резултат на тој закон, предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела. Изминатава година од страна на Судскиот совет биле поведени  80-ина предмети, а осум судии биле разрешени. Процесите се почнати, нема назад. Моделот за прочистување или филтрација е во завршна фаза. На него работеа првенствено претставници на Судскиот совет, на Советот на јавните обвинители, со поддршка на академската јавност, и тие ќе бидат оние што ќе го усвојат моделот што сами го креираат и што ќе го спроведуваат.

Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми, кои ќе се прегледуваат за сите судии: како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети што беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност. Ќе иницираме носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите што ги следат граѓаните и за кои постои посебен јавен интерес. Тука, пред сѐ, мислам на предметите од организиран криминал и корупција, како и други предмети од јавен интерес“, вели Заев.

Во оваа активност е вклучена и проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување корупција. Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година, најдоцна напролет, се очекува да почне и ЕУ-мониторингот на судските случаи од висок профил, 50-ина предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.

Вториот приоритет е борбата против корупција преку воспоставување јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин, на сите нас, да се ангажираме во искоренувањето на оваа девијантна појава, која го враќа општеството назад.

„Го намаливме бројот на министри и формиравме ефикасна, отворена и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Ги видовме и првите резултати. Врз основа на прекршените одредби на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата беа разрешени неколку директори на владини агенции и јавни претпријатија и цел состав на една комисија. Чекор понатаму е нашата препорака општините да ја зголемат транспарентноста бидејќи имаме наоди дека локалната власт недоволно ја следи централната кога се во прашање отвореноста и транспарентноста – затоа, финансиските трансакции за програмите преку кои Владата исплаќа средства на општините, капиталните инвестиции, инвестициите со поддршка на Светската банка, проектите од средствата од ТАВ, ќе бидат условени со видливо зголемена отчетност на општините. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност. Мора да има ред еднаш засекогаш во институциите“, вели Заев.

Премиерот вели дека се обврзуваат на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и најавува засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна како приоритет број 3 од иницијативата „Европски стандарди дома“. За 2021 година во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило.

„Во 2021 година ќе продолжи инвестирањето во замената на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси. Од државниот буџет ќе се финансира со 70 милиони евра еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје и ќе продолжат субвенциите и имплементацијата на проектот за инвертер-клима уреди за дополнителни 5.000 домаќинства. В година високо во приоритетите е да го зголемиме процентот на заштитени природни подрачја. Оваа година почна постапката за прифатливост за прогласување дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, како и постапката за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа и на дел од Водно за заштитен предел. Во 2021 година ќе продолжиме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја“, вели тој.

Премиерот се осврна и на престојната вакцинација против Ковид-19. „Имаме уплата за 833.000 вакцини за популација од речиси 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамките на Ковакс-механизмот. Во согласност со планот за дистрибуција вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, почнавме преговори и за директна набавка од компаниите што ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија, која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони.
Се подготвуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Ова е така бидејќи ќе има повеќе достапни вакцини, кои сигурно ќе ги користиме, а се складираат на различна температура“, вели тој.

Заев најавува дека и во 2021 ќе продолжи државната економска помош за сите што се соочуваат со штети како резултат на пандемијата – државата е во добра финансиска кондиција и ќе биде тука за секого.

„Светските и европски стандарди ги носиме дома и преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка. Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата е не само да ги препорачува овие искуства туку и понатаму да ги поддржува компаниите што влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места.
А искуствата на другите држави, како Канада, Холандија и Чешка, кажуваат дека овие земји годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност. Во Северна Македонија досега се одобрени 59 лиценци за оваа дејност и сакам да истакнам дека Владата е во комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа индустриска гранка да се развива во согласност со светските текови и европските регулативи. На европските и светските пазари имаме стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани.

Маслата од канабис и другите продукти влијаат позитивно на многу симптоми на болести, како што се мултиплекс склероза, ХИВ, Паркинсонова болест, епилепсија и други малигни заболувања. Тоа отвора огромни потенцијали и пазари, верувам дека во таа насока парламентот е подготвен да ги усвои предложените законски измени за кои имавме одредено блокирање во изминатиот период. Со донесување на измените и дополнувањата на Законот за опојните дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места“, вели Заев.

Тој вели дека в година може да се очекуваат над 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели. Тоа ќе стимулира отворање нови високоплатени работни места. „Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лекување со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба во време кога веќе насекаде во светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. До јуни 2021 ќе ја отвориме дебатата, а потоа процесот ќе оди во Собранието. Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминал и трговија со дрога за кои сведочиме секојдневни успеси и за што сакам да му честитам на министерот за внатрешни работи“, додава тој.

2021 е година и на новата македонска енергетика. В година се очекува реализација на проект со кој термоелектраната „Осломеј“ ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК „Осломеј“ сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од 50 MW. Проценетата инвестиција е речиси 60 милиони евра. АД ТЕЦ „Неготино“ распиша оглас за изработка на физибилити-студија и во првата половина на 2021 ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно-приватно партнерство или ќе се продава АД ТЕЦ „Неготино“. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови стотина мегавати зелена енергија. Дополнително, обезбедени се грант-средства за физибилити-студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК „Битола“.

Во текот на 2021 ќе почне изградбата на втората фаза од ветерниот парк „Богданци 2“, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк „Богданци“ за 13,8 MW. Проценетата инвестиција е 21 милион евра.
Почнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца.

В година и официјално почнува проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето. „Обезбедуваме гас од Азербејџан преку ТАП (Trans Adriatic Pipeline). Ова e клучен проект за енергетски – економски развој на Северна Македонија. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан“, вели Заев.

Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи со природен во регионот.

Тој оценува дека буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен и во него во најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се наменети за капитални проекти. Со буџетот е планирано да се обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура, како и за изградба на социјални станови.

„Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридорот 8 во втората и третата фаза, вредни 600 милиони евра. Коридорот 8 е главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море. Само во североисточниот и источниот регион реализираме инвестиции од над 80 милиони евра и интензивирана е изградбата на патната инфраструктура како никогаш досега.

Заев се осврна и на пописот на населението, кој треба да се спроведе напролет. „Северна Македонија нема организирано попис 18 години, со што е единствена држава во регионот и пошироко без спроведена ваква статистичка операција. Ова, дефинитивно, ќе го смениме во првата половина на 2021 година. Имаме цел со предлог-законот за попис оваа статистичка операција сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање.

Пописот ќе чини вкупно 8,5 милиони евра. Тоа е 5 милиони евра помалку од пропаднатиот попис на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Наместо хартија, ќе има електронски уреди. Одговорите на дел од прашањата ќе се земаат од базите на податоци шот ги организиравме во изминатите три години. Пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа тоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа тоа што Мицкоски така сака или не сака. Попис во 2021 ќе има затоа тоа што развојот на нашата земја нема да биде можен без резултатите од овој попис. И затоа тоа што на граѓаните, на институциите, на организациите, на бизнисот, на науката и на академијата – им требаат нови, релевантни и точни статистички податоци за нашето население“, вели тој.

Тој додава дека Владата има голема обврска и одговорност да се спротивстави на дезинформациите и да ги спречиме штетите што ги нанесуваат лажните вести. Затоа, еден од нашите приоритети во „Акција 21“ е – стоп за дезинформациите. Затоа најавува засилени активности во периодот што следува, широки консултации со медиумските работници и граѓанскиот сектор и уште посериозна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и другите облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество во рамките на планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата.

Осврнувајќи се на образовната реформа во основното образование, тој вели дека во наставата ќе се вклучат наставни содржини кои се клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет. „Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини и часови по хигиена, која се покажа како круцијална во борбата со Ковид-19. Се разбира, новите содржини не одат на сметка на постојните. Учениците и натаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и сè друго што е неопходно за нивното знаење. Но, за оваа работа преку дебата ќе го избереме најдобриот модел“, додава тој.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

Објавено пред

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.

„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци

Објавено пред

Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

dobivaj vesti na viber

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Објавено пред

Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет30 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион46 минути

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет53 минути

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија18 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ18 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија21 час

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија21 час

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...