Топ
Џафери не ја повлекува ќерката од ЕЛЕМ, ќе чека одлука од антикорупциската комисија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да го послуша повикот на премиерот Заев за повлекување на роднините и блиските членови на семејствата на функционерите вработени во државни институции. На брифинг со новинарите Џафери рече дека не било ред партиите или поединците да одлучуваат за ова, туку имало комисија надлежна за прашања поврзани со непотизам и судир на интереси. Тој пред новинарите го цитира членот 9 од Уставот, каде што стои: „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“.
Пред неполн месец антикорупциската комисија по допрен глас отвори предмети за 18 лица, роднини на функционери што изминатиов период се вработиле во државни институции, а меѓу кои е и ќерката на собранискиот спикер, Бесија Џафери, вработена во ЕЛЕМ. При изборот на новиот состав на ДКСК во јавноста се отвори и прашањето за релацијата на Џафери со еден од членовите, Нури Бајрами, со кого е баџанак, но комисијата едногласно одлучи дека во случајот нема судир на интереси.
Под притисок на јавноста некои од пратениците најавија дека нивните роднини се повлекуваат од работните места, меѓу кои мајката на пратеникот Костадин Костадинов, дедото на Александар Кирацовски, синот на Горан Мисовски, братот и сопругот на Мира Стојчевска. Од функционерите на ДУИ досега ниту еден не кажа дека ќе бара повлекување, а министерот за економија, Крешник Бектеши, чија сестра се вработи во МЕПСО, рече дека нема намера да влијае таа да се повлече од работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.
При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.
„Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење“, се наведува во соопштението.
фото/депозитфотос
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Македонија
Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците
Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе реализира засилени активности за отчитување на мерните уреди во првата недела од јануари 2026 година.
Во наведениот период, дополнително, дел од активностите за отчитување ќе се реализираат прекувремено, како и за време на викендите и празничните денови.
„Во реализација на овие активности ќе се применува целосниот процес на отчитување, кој вклучува обработка, валидација и безбеден пренос на податоците во системите на компанијата, со што се обезбедува навремено и точно фактурирање на потрошувачката на електрична енергија за секој поединечен корисник“, велат од Електродистрибуција.

