Uncategorized
(Видео) Игњат Панчевски: Ратко Младиќ се криел и на Скопска Црна Гора

Адвокатот Игњат Панчевски со уште едно необично тврдење дека осудениот српски генрал Ратко Младиќ со години се криел во тајна куќа во селото Бродец на Скопска Црна Гора и преку курир кој е Македонец контактирал со странски разузнавачи. Адвокатот Панчевски за соработката на поранешниот генерал и странските разузнавачи покажа докази што му ги доставил курирот, кој инаку е негов клиент.
Панчевски вели дека шифрираните писма, на кои има потпис и печат на генералот Младиќ, курирската торба и книгата во која се носела поштата го навела да му верува на својот клиент дека бил дел од операцијата за криење на осуденикот.
„Мојот клиент бил врбуван од тајните служби, обучен и бидејќи ја добил нивната доверба, станал курир и ја разнесувал поштата помеѓу Ратко Младиќ и тајните служби. Тој носел шифрирани писма и на претставници на НАТО. Некои од тие писма успеал да ги зачува и да му ги достави како доказ“, вели адвокатот Панчевски.
Според кажувањето на Панчевски, курирот по завршувањето на операцијата требало да ја открие тајната локација и да ја добие паричната награда од меѓународната потерница што беше распишана за главата на Младиќ. Но, како што тврди скопскиот адвокат, неговиот клиент се посомневал дека ќе биде изигран од тајните служи и не сакал да учествува во предавството на генералот.
„На мојот клинет функционерите од тајните служби му кажале дека тој е избран да го лоцира Младиќ уште пред да биде однесен и уапсен во Војводина. Но, тие му кажале дека за оваа услуга нема да ја добие наградата од 5 милиони долари туку 10 отсто од неа. Ова му станало сомнително и ризично дека ќе навлезе во многу подлабоки води. По ова бега од таму и доаѓа кај мене каде што побара правна заштита“, додава Панчевски.
Адвокатот Панчевски вели дека се сомнева оти македонските тајни служби не знаеле за тајната операција и криењето на Младиќ. Инаку, според кажувањето на неговиот клиент, куќата во која се криел генералот била добро обезбедена и под постојан надзор од обезбедувачи.
Г.Д.М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Руска компанија нуди парична награда за секој запленет или уништен тенк од Западот

Руската компанија „Форес“ соопшти дека ќе им плати 72.000 долари во готовина на војниците што први уништуваат или запленуваат тенкови од западно производство во Украина, како и 7.200 долари за секој следен таков обид.
Кремљ претходно вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ѝ се испорачуваат на Украина.
Компанијата „Урал“, која е вклучена во енергетската индустрија, исто така соопшти дека ќе плати награда од 215.000 долари за секој уништен борбен авион од западно производство доколку некогаш биде испорачан во Киев.
САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици модерни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина.
Портпаролот на Кремљ ја критикува оваа одлука како опасна ескалација и рече дека тенковите ќе горат на фронтот.
Uncategorized
Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Европската унија

Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Советот на Европската унија од Чешка.
Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година.
Земјите-членки на ЕУ претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на ЕУ.
Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото, пренесува Хина.
Една од целите на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти“, кој содржи низа предлози насочени кон намалување на нето емисијата на стакленички гасови во ЕУ за најмалку 55 проценти до 2030 година.
Во тоа беше многу успешно чешкото претседателство кое ги заклучи сите предлози од пакетот поврзани со заштитата на климата, а најважна задача за шведското претседателство останува енергетскиот дел, односно договорот за директивата за обновливи извори на енергија и директивата за енергетска ефикасност,пренесе Телеграф.рс.
Uncategorized
Поранешниот шеф на руската вселенска агенција е ранет во Украина

Поранешниот шеф на Роскосмос, руската вселенска агенција, Дмитриј Олегович Рогозин, се здобил со потрес на мозокот и рана над десното рамо, изјави неговиот помошник за новинарите, јавуваат руските медиуми.
„Дмитриј Олегович е ранет. Метален фрагмент со димензии 8 на 6 милиметри навлегол над десната скапула во близина на ‘рбетот. За чудо не удрил во белите дробови. Покрај тоа, Дмитри Олегович има потрес на мозокот. Нема други повреди”, изјави неговиот помошник.
Поранешниот шеф на Роскосмос беше ранет при гранатирањето на Доњецк во средата вечерта. Поради сложеноста на повредата, локалните лекари не се осмелиле да го оперираат. Тој сега се наоѓа во една од болниците во Ростов, каде што чека да биде пренесен во Москва.
Медиумите не наведуваат зошто Рогозин бил во Украина.