Контакт

Uncategorized

Коѕијас се двоуми дали да го посети Скопје

Објавено пред

Грчкото Министерство за надворешни работи се двоуми дали шефот на дипломатијата Никос Коѕијас треба да ја посети Македонија по последните „провокации“ на македонски функционери со мапа на „голема Македонија“, јави грчкиот портал „Њуз 24/7“.

„Одлуката на министерот за надворешни работи да го посети Скопје кон крајот на август, како што вети на средбата со својот колега Никола Димитрoв во Атина, се преразгледува. Причината е последниот напад врз Грција на настан во Торонто на кој присуствуваа владини функционери на Скопје“, пишува „Њуз 24/7“.

Официјална Атина на 16 август ја обвини македонската Влада дека го прекршила привремениот договор меѓу двете земји од 1995 година кога генералниот конзул на Македонија, Јовица Палешевски, наводно на официјален настан во Торонто говорел на заднина која содржела иредентистичките симболи и мапи.

„Го осудуваме учеството на генералниот конзул на ПЈРМ во Торонто, Јовица Палешевски, на иредентистички настан, учество што претставува уште едно прекршување од страна на ПЈРМ на привремената спогодба, со која се бара воздржување од секаква акција со која се поддржуваат територијални претензии“, соопшти грчкото МНР додавајќи дека на заднината на бината од која Палешески им се обратил на учесниците на настанот биле прикажани иредентистички симболи и мапа на ПЈРМ која опфаќа и грчка територија. Новата влада на ПЈРМ тврди дека се стреми кон нов почеток во односите со Грција. Сепак, и покрај промената на власта, се чини дека иредентизмот и понатаму е доминантна државна идеологија и секојдневна политичка практика во нашата соседна земја. Одрекување од иредентизмот, почитување на границите и практична примена на принципите за добрососедство се неопходни услови за реализација на евро-атлантските аспирации на ПЈРМ“, стоеше во соопштението на грчкото МНР.

Според „Њуз 24/7“, македонското МНР побарало потврда за намерата на Коѕијас да ја посети нашата земја на 31 август, но до синоќа не добиле дефинитивен одговор.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на  Партизанска и избега, полицијата го бара

Објавено пред

Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што  се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.

„Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

СДСМ реагира по обраќањето на премиерот: Место мерки прочита цени на горива, граѓаните со празни фрижидери за Велигден

Објавено пред

Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати, да чита цени на горива од владината говорница, обвини преку соопштение СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски за намалувањето на цените на горивата.

„Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.

Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.

Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.

Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.

’Де факто’ и ’де јуре’ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена“, стои во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

ПСЖ понудиле 55 милиони за Де Јонг

Објавено пред

ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер.

Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, незадоволни од сумата и начинот на исплата.

Каталонците бараат 70 милиони евра за холандскиот играч од средниот ред, но клучниот детаљ не е само износот на обештетувањето. Барселона инсистира целата сума да се исплати веднаш, без никакви одложувања или плаќања на рати.

Таквиот цврст став значително ги комплицира преговорите и го става францускиот клуб пред одлука дали да ја зголеми понудата и да ја промени структурата на плаќање.

Френки де Јонг е познат со години како еден од најважните играчи во средниот ред на Барселона. Неговиот технички квалитет и преглед на играта го прават високо ценет на пазарот.

И покрај финансиските предизвици со кои се соочува клубот, Барселона со оваа одлука испраќа јасна порака дека нема намера лесно да ги продаде своите клучни играчи.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато...

Македонија8 минути

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Спорт5 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт6 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт6 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт7 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт7 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет9 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...