Uncategorized
СДСМ ги брои штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од таму обвинуваат за популизам
СДСМ реагираше на реакцијата на ВМРО-ДМПНЕ дека измислува случај околу Супер купот и дека не е во прашање проблем туку популизам и политизација на спортскиот настан. Според СДСМ штетите од 11- годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегуваат на површина, од пропустите на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, презадолженоста на училишта и болници, неспособноста да се исполнат обврските од УЕФА до вртоглaво високите хонорари за партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ.
„Лагите и манипулациите што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги изнесува нема да ги спасат од одговорноста за предизвиканите штети врз граѓаните и државата. Брзањето да се земат огромни провизии, да се реализираат наместени тендери, како оној за молерофарбарски услуги доделен на фирма сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски и алчноста за лично богатење на сметка на граѓаните, резултираа со дополнителни штети врз буџетот и со нарушување на угледот на Македонија“, стои во реакцијата на СДСМ.
Според оваа партија, секое делување на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години било во функција на богатење на раководството на партијата преку злоупотреби, деструкција и насилство, на сметка на граѓаните и нивните интереси.
„Започнува процес на професионализам, отчетност и чесност, но и процес на враќање на правото и правната држава. Ќе има одговорност за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните“, повторија од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.
Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.
Uncategorized
(Видео) Манасиевски: Само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени
Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така.
Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство“, рече Манасиевски.
Тој јавно ги праша СДСМ и Филопче уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината.
Uncategorized
Дарио Ивановски победник на јубилејното 10. издание на „Охрид трчат“
Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10. јубилејно издание на „Охрид трчат“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид.
Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди.
Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 часа.

Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1:31:35 ч., втора пристигна Биљана Кираџиева од Србија (1:34:07 ч.), а трета финишираше Благица Јованова од Македонија со време 1:35:24 ч.
Во штафетната трка на 21 километар мажи триумфираа „Korruners & Atomic“ со време 1:26:37ч., пред „Битолски бавни тркачи“ (1:26:50ч.) и Алексинац ранинг клуб (1:30:41ч.). Кај жените триумфираше штафетата на МС Ран со време 1:41:02 часа, пред „CaMino de Santiago Francés 2026 M+F“ со време 1:42:48 часа и екипата „Трајчески“ со време 1:55:01 часа.
Кај мешаните штафети најбрза беше екипата на „Битола трча“ со време 1:29:44ч., втора пристигна штафетата „Тирунмису“ (1:34:29ч.), а трета беше штафетата „АОК ЗЛАТОВРВ“ (1:38:13ч.).

Во тимска конкуренција мажи на 21 километар победи АК „Скопски маратон“ со време 5:22:38 часа, пред АКК „Ран клуб“ со време 6:06:50 часа и „Ран Авеј“ 07:22:05 часа. Кај жените најдобар беше тимот на АК „Атомик“ (07:29:34 ч.), пред „Ран Авеј“ (7:52:33 ч.) и АКК „Ран клуб“ (08:28:38 ч.).
Во трката на 5 километри во машка конкуренција прв на целта пристигна Григоријан Никовски од АК Олимп со време 18:02 минути, пред Роберто Димитриевски од АК Велес со време 19: 32 минути и Ванчо Бајам од АК Охрид трчаТ со време 19:42 минути.
Во женска конкуренција на 5 километри победи Матеја Ефремовска од АК Скопски маратон со време 23:44 м, пред Невена Максимовиќ од АК Ран Авеј – Србија, со време 23:53 м, а трета беше Емили Иваноска од АК Скопски маратон со време 24:38м.

Тимски на 5 километри во машка конкуренција триумфираше штафетата „Ракометна школа Седмерец“ – Охрид со време 1:26:47 часа, пред „Ретко е да си редок (1:41:44 ч.) и ЛТХ Леарница (1:42:25 ч.). Во женска конкуренција победи екипата на „3 Disciplines“ со време 1:48:52 ч, пред „Run Away“ (2:01:55 ч.) и „Ретко е да си редок“ (2:13:49 ч.).
На 10. јубилејно издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчат“ учествуваа рекордни 2700 тркачи од 30 земји.
