Контакт

Uncategorized

Сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, прекин на сообраќајот само за товарни возила

Објавено пред

Утрово, во прекин е сообраќајот на патот Гостивар – Кичево, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Денеска, од 10.25 часот. на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во непосредна близина на УО „Панорама“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот ќе биде во прекин само за тешки моторни возила, соопшти АМСМ.

Uncategorized

Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК

Објавено пред

Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

dobivaj vesti na viber

Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).

„Поддршката за кандидатурата на Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата“, велат од Левица.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Бојмацалиев: Во декември и јануари постигнавме рекорден број од над 170.000 граѓани, кои биле фотографирани за патни исправи

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР, кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Од страна на раководството на Одделот за граѓански работи во зградата на МРТВ, Бојмацалиев беше информиран за процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Ако ги земеме декември 2023 и јануари 2024 во однос на процесот на промена на патните исправи на граѓаните, вкупната бројка изнесува 176.159, што е четирикратно зголемување во споредбба со истиот период од два месеца од 2023, 2022 и 2021 година, кога таа бројка месечно не надминувала 24.000.

Со тоа можам слободно да констатирам дека е постигнат рекорден број во овие два месеца“, рече Бојмацалиев.

Во оваа пригода дополнителниот заменик-министер Бојмацалиев потсети на исплатената дополнителна плата на вработените вклучени во процесот на промена на личните документи, кои неуморно и посветено работат за време на викенди и празници, а за што уште еднаш упати благодарност до колегите.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Обезглавена волчица обесена на сообраќаен знак во Хрватска

Објавено пред

Во градот Зверница кај Книн е пронајдено тело на волчица обесено на сообраќаен знак.

dobivaj vesti na viber

Сторителот или неколкумина од нив се непознати, а полицијата, по истрагата, повела кривична истрага во која ќе биде вклучено вештачењето за утврдување на причините за смртта.

Според сегашниот хрватски закон, волкот е заштитено животно, а тој што ќе го убие, се соочува со глоба од 930 до речиси 4.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ37 минути

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија1 час

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ1 час

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија3 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија4 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија4 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија5 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија7 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија8 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет9 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа10 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет10 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион10 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа20 часа

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...

Македонија21 час

ЗНАМ в четврток ќе избере лидер на партијата и кандидат за претседател на Македонија

Партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија на денешната прес конференција го најави првиот Конгрес, што ќе се одржи на 22 февруари...

Македонија22 часа

„Леонид не е на лекување во странство, туку на рехабилитација, затоа се одби барањето“, велат од ФЗО

„Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како...

Топ1 ден

Скопјанка почина на паркинг во Кисела Вода, телото е дадено на обдукција

Вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала...

Македонија1 ден

(Видео) Поради ставот „да прооди, да прозборува, па ќе го вакцинираме“, ни се заканува и епидемија на морбили

Лекарите се едногласни во ставот дека одлагањето на вакцините е причина за сегашната епидемија на голема кашлица и предупредуваат дека...

Економија1 ден

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат...

Македонија1 ден

Бојмацалиев: Стигнати се 20.000 обрасци за пасошите, до крајот на месецот се очекува поголема пратка

Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема...