Контакт

Daily news

Берлински филмски фестивал: Дискретен гламур за поддршка на борбата против предаторите во филмската индустрија

Објавено пред

Од Берлин за „Макфакс“ Ана В.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на Берлинскиот филмски фестивал на европскиот филмски маркет за денеска попладне се закажани проекции на три македонски играни филма. Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 1.623 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали. Европскиот филмски маркет е еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, што им овозможува соработка и промоција на филмските професионалци на глобалната филмска сцена. Промоцијата на македонските филмови е поддржана од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Трката за престижната „Златна мечка“ на 68. издание на Берлинскиот филмски фестивал почна на 15 февруари. Во изминатите три дена фестивалот е во атмосфера на дискретен гламур. Иако беше побарано црвениот тепих да биде заменет со црн за да се сврти вниманието кон темата за сексуалното вознемирување во филмската индустрија, директорот на Фестивалот, Дитер Кошлик, реши препознатливата црвена шамија што ја носи да ја замени со црна.

„Во знак на солидарност со жешката тема што го тресе Холивуд и нашиот Фестивал се приклучи за да го сврти вниманието за да укаже на големината на проблемот. Сметам дека мојата црна шамија доволно говори за мојот став кон оваа тема“, рече Кошлик.

Дека овие случаи на сексулано вознемирување во филмската индустрија станале ситем и не се изолирани настани, вчера беше констатирано на големата дебата со мото „Спик ап“, организирана од Шведскиот и Норвешкиот филмски институт, што ја проследија и некои филмски звезди.

„Филмската уметност е благородна и со големо социјално влијание, па не може да дозволиме овие големи афери да ја извалкаат. Кога беше посочено дека во филмската индустрија тоа станало пракса и систем на дејствување, а предаторите воопшто тоа не го сметале за прекршок, мораме постојано да потсетуваме дека за нив ќе нема место во филмот“, беше општиот заклучок на дебатата.

Актерите Брајан Кранстон, Џеф Голдблум, Бил Мареј и Боб Балабан, дел од екипата во филмот „Островот на кучињата“ на Вес Андерсон, со кој започна манифестацијата, ги споделија размислувањата на темата.

Според Бил Мареј, проблемот не се однесува само на забавната индустрија. „Ако одиме во Њујорк по некоја жена, ќе забележите како мажите ја раскинуваат со поглед“, вака Бил Мареј го опиша однесувањето на модерниот сексуален предатор.

Берлиналето е првиот од големите европски фестивали по секс-скандалот што избувна во Холивуд и наиде на одек во светот и набљудувачите очекуваа организаторите соодветно да реагираат.

На церемонијата на отворањето на фестивалот во Берлин многу ѕвезди го следеа примерот на актерките што поминаа на црвениот килим во црни фустани за наградите „Златен глобус“. Актерката Тилда Свинтон, истакнат поддржувач на Androgenic View, се појави во смокинг.

Филмот за диктатурата на Франко ја расплака публиката

Освен оваа тема, на годинешното Берлинале се отвора и темата за политиката и филмот, па по вчерашната светска премиера на шпанско-американската копродукција на документарниот филм „Тишината на другите“, следуваа овации од публиката во преполната сала. Со многу емоции и силен аплауз беше поздравена екипата што го реализирала овој комплексен докумантарен филм кој зборува за диктатурата на шпанскиот генерал Франко. Од публиката следуваа низа прашања за оваа тема и воопшто за нарушувањата на човековите права од страна на политичките диктатури во светот.

„Се надеваме дека филмот во Шпанија ќе наиде на добар прием кај публиката иако очекуваме дека ќе има и такви што нема до крајот да сакаат да ги спознаат вистините за големата неправда и скршените човечки судбини предизвикани од фашистичкото владеење на Франко. Сакавме да проговориме со многу факти, но и најважно од сè беше да се видат емоциите и личните приказни на луѓето што настрадале“, рече режисерката на филмот.

Интересни прашања беа упатени и на прес-конференцијата до екипата на филмот „Среќниот принц“, германско-белгиско-италијанска копродукција во режија на Руперт Еверт.

Филмот кој зборува за животот на големиот писател Оскар Вајлд и неговата хомосексуалност нафрли прашања за толкувањето на правата на ЛГБТ-заедницата и колку за нив се избориле од времето на Вајлд до денес.


„Сметам дека животот на Вајлд бил возбудлив на секаков можен начин. Неговата биографија неправедно се поврзува единствено со неговата хомосексуалност, но секако се согласувам дека тоа е важна тема и дека сега живееме сосема поинакво време и неправдата од минатото е исправена“, рече Руперт, кој, освен режијата, игра и главна улога во филмот.

Идната недела во вторник во рамките на Фестивалот светска премиера ќе има филмот „Кога дрвјата паѓаат“, дебитантски филм на Марисја Никитук, кој е копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија. Тој е селектиран во програмата „Панорама“, а во текот на Фестивалот филмот ќе има 5 фестивалски проекции и 2 затворени проекции за филмските професионалци.

Фестивалот ќе биде затворен на 25 февруари, а веќе почнуваат да се насетуваат фаворитите што ќе ги освојат престижните статуетки „Златна“, „Сребрена“ и „Бронзена мечка“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија5 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ7 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија8 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија8 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија9 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа11 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија11 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија12 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија12 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет12 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет12 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа13 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа13 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа14 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија24 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...