Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Дипломатите поделени за средбата во Солун- ладен туш за Македонија или утешна награда за непоканетите во Трст?

Објавено пред

Ладен туш за Македонија од Солун или утешна награда за непоканетите во Трст? Дипломатите се со поделени мислења околу прашањето како треба да се толкува трилатерланта средба на Ципрас, Борисов и Вучиќ, но и пораката испратена од страна на тројцата лидери. Додека македонското министерство за надворешни работи ја поздрави средбата и порача дека во иднидна би било пожелно на регионалните средби да учествуваат и земјите кои се споменуваат во разговорите, познавачите на надворешната политика се со поостри пораки.

dobivaj vesti na viber

Универзитетскиот професор и екс-амбасадор Нано Ружин, порачува дека Македонија сега треба да ја разгледа идејата за иницирање средба со другите земји од Западен Балкан. „Јас би сугерирал да се одржи средба со останатите држави од Западен Балкан кои не беа поканети. Албанија, КОсово ,Босна ,Црна Гора. Овој самит, со други зборови е утешна награда за љубоморниот Вучиќ, кој не беше поканет во Трст“ – вели Ружин.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски , пак, е загрижен дека трипартитната средба е одраз на аспирациите, кои ги имаат соседите кон Македонија.„Борисов, Ципрас и Вучиќ  ги острат ножевитекон Макеоднија, свесни дека нашата држава е на колена, дека следи расплет и секој од нив сака поголемо парче од колачот. Но тоа е погрешано бидејќи нема сила што ќе го дозволи тоа, иако тоа е на маса.“ – вели Никовски.

Ружин сепак не гледа причина за загриженост. Во позадина на средбата тој оценува дека се лините интереси на тројцата политички лидери на кои им треба афирмација и овој смаит според него ќе се заборави за десетина дена.

-Да беше почеток на 20 век ќе бевме загрижени , бидејќи знаете кога соседите се заедно прва рефлексија е заговор против вас, но живееме во глобализација, епоха кога е пожелно соседите да се сретнуваат. -вели Ружин. И додава дека Македонија е голем победник.„ Македонија излезе со големи симпатии од Самитот во Трст дури констатитравме љубомора од Атина.Има чувство на реваншизам дека Македонија е протежирана а Грција е под удар на светските и европските фондови…тоа е порака дека тешко ќе оди со надминување на проблемот со името.Веројатно евентуалниот прием на Македонија ќе значи отстпаки кон Грција од страна САД и ЕУ. Овој самит ќе се заборави за десет дена.Потврдија само дека водата е мокра, дека сите сакаат мир и стабилност. – додава Ружин

Се работи за финализација на постјугословенската криза, обид да се стави до знаење дека ервопска перспектива нема, вели Никовски кој исто така се навраќа на средбата Милошевиќ-Мицотакис , но според него над Македонија повторно виси опасноста да биде жртва.

„Солун е потврда дека ни се пишува лошо. Се направи се што е во можност на големите сили, пред се од страна на Вашингтон во поддршка со Брисел, Макеоднија да се доведе до свршен чин. И ако не с одбраниме, ако дозволиме преку договорот со Бугарија и  уцената од Брисел дека нема ЕУ и НАто без промена на името, ќе дозвлоиме голема грешка…македонскиот народ ќе биде избришан.“ – смета Никовски.

-Од друга страна пак се гледа дека има отворени аспирации кон Македонија од Грција, Бугарија, Тиранска платформа…очигледни напори и активности за да го средат Балканот и во сите тие напори Македонија е на маргините, жртва на сите комибнаторики, бидејќи се смета дека е момент да го разнебитат македонскиот народ…Нема да има промена на граници и војни, но ќе направат преструктуирање со кое нема да остане ништо од македонштината. Мора да бидеме максимално внимателни со овие настани, пред нас е опасен период од кој може Македонија се да загуби.- додава Никовски.

Само стабилна Македонија и суштински дијалог за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со името се предуслов за целосна поддршка за евроатлантските перспективи на Македонија- е заедничкиот став на грчкиот премиер Алексис Ципрас, бугарскиот премиер Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија3 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија4 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија4 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија6 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ24 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија1 ден

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија1 ден

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија1 ден

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...