Uncategorized
Шарец: Заедно даваме видлив придонес во сојузничката одбрана и одвраќање
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и словенечкиот министер за одбрана, Марјан Шарец, денеска, во Министерството за одбрана го потпишаа договорот за соработка во одбраната помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.
Министрите Петровска и Шарец имаа тет-а-тет средба и билатерална средба со делегациите од двете држави по што следуваше и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.
„Со задоволство го потпишавме новиот договор за соработка во одбраната помеѓу двете влади, што несомнено ќе придонесе во градењето на нашето пријателство и нашата соработка. Областите во кои ќе соработуваме се многубројни, но она што е најзначајно е дека преку реализацијата на овој Договор ќе придонесеме кон зајакнувањето на мирот, довербата, стабилноста и просперитетот во земјите од регионот, но и во целата евроатлантска област“, рече министерка Петровска.
Таа истакна дека двете земји заеднички придонесуваат во мултинационалните сили во Латвија со што јасно покажуваат дека не отстапуваат од заедничката цел, а тоа е безбедна Алијанса и сигурни граѓани. Петровска се заблагодари за континуираната словенечка поддршка во процесот на интеграција кон Европската Унија и за помошта да го изградиме заедничкиот европски мост.
„Македонската приказна во НАТО е успешна, но останува уште една стратешка цел која мораме да ја направиме да биде реалност. Благодарни сме за вашата неизмерна поддршка на патот на Северна Македонија кон ЕУ и за тоа што ни помагате да го изградиме овој заеднички европски мост“, рече Петровска.
Министерот Шарец порача дека е исклучително важно што ја продолжуваме соработката во меѓународните операции и мисии и што детектираме нови области во оваа област.
Заедничкиот придонес во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, тој го нарече „успешна приказна“.
„Заедно даваме видлив придонес во сојузничката одбрана и одвраќање, додека истовремено ја зголемуваме подготвеноста и поврзаноста на нашите вооружени сили, што демонстрира една регионална димензија на соработка. Словенија одлучи да го продолжи своето воено присуство во Латвија и ние неизмерно го цениме вашиот придонес и вашата подготвеност да продолжите успешно да соработувате со нас во овој ангажман“, заклучи Шарец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

