Uncategorized
Полицијата со палки и водени топови ги растера демонстрантите во Баку
Полицијата во главниот град на Азербејџан, Баку, денеска со палки и водени топови ги растера демонстрантите на опозицијата кои тврдат дека дошло до изборна измама на изборите на почетокот на овој месец.
Полицијата во главниот град на Азербејџан, Баку, денеска со палки и водени топови ги растера демонстрантите на опозицијата кои тврдат дека дошло до изборна измама на изборите на почетокот на овој месец.
Полицијата, како што јавуваат руските медиуми, употребила два водени топа и ги тепала демонстрантите, од кои некои одговориле фрлајќи камења по полицајците.Повеќето од собраните 10.000 демонстранти побегнале, додека останатите се уапсени и качени во полициски автобуси.
Полицијата, според медиумите, започнала да ги растерува демонстрантите што останале на плоштадот откако власта им дала краен рок да се разотидат.
Опозицијата во Азербејџан често организира протести поради парламентарните избори што се одржаа на 6 ноември, а за кои и меѓународните посматрачи изјавија дека се со многу изборни нерегуларности. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.