Uncategorized
Американската војска призна дека палела тела на Талибанци
Американската војска призна дека нејзини војници во август запалиле тела на Талибанци во провинцијата Кандахар од хигиенски причини, соопшти војската.
Американската војска призна дека нејзини војници во август запалиле тела на Талибанци во провинцијата Кандахар од хигиенски причини, соопшти војската.
Во соопштението понатаму се додава дека одлуката за спалување на телата била лоша и укажува на тоа колку Американците не ја познаваат авганистанската култура, но дека чинот не претставува кршење на военото право. “Во судирите меѓу американската војска и талибанските бунтовници кај Гумбад, во северниот дел на провинцијата Кандахар, загина еден американски војник, еден припадник на авганистанската војска, двајца Талибанци, додека уште двајца биле ранети“, се вели во соопштението на американската војска. “Времето беше многу жешко и телата брзо се распаѓаа, а поради карпестиот предел, не можевме да ги закопаме убиените, па затоа ги запаливме“, стои во соопштението.
Меѓународната организација за заштита на човековите права “Хјуман Рајтс Воч“ често ја обвинува американската војска за нехумано однесување кон затворениците во Авганистан. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.