Uncategorized
Саркози планира да протера 25 илјади нелегални имигранти
Протерување на 25 илјади нелегални имигранти во Франција планира за
наредната година да спроведе францускиот министер за внатрешни работи Николас
Саркози, пишува локалниот печат.
Протерување на 25 илјади нелегални имигранти во Франција
планира за наредната година да спроведе францускиот министер за внатрешни
работи Николас Саркози, пишува локалниот печат.
“Франција веќе не ги сака оние кои никој во светот не ги сака“, изјавил Саркози
на јавното сослушување пред сенатскиот Одбор за нелегална имиграција што се одржа синоќа, пишува “Ле Монд“.
Тој ги презентирал главните црти на предлогот-закон за имиграција што ќе биде
претставен во Парламентот на почетокот од наредната година.
Според Саркози, целта е да се протераат 25 илјади нелегални имигранти во 2006
година, чиј број секоја година се зголемува.
Така, пред две години биле протерани 12 илјади лица, лани 15 илјади, а
годинава, бројката ќе надмине 20 илјади нелегални имигранти кои живеат во
Франција.
Министерот не сакал школувањето на децата да стане нов извор на нелегална
имиграција и го поддржува протерувањето на нелегални имигрантски семејства со
деца кои се школуваат во Франција. Тој најави дека борбата против искористување
на нелегални работници, исто така, ќе биде приоритет на Владата во Париз.
Саркози потсетил за одлуката со која, работодавците кои ќе вработат нелегални
имигранти, мора да ги сносат трошоците на нивно враќање во татковината, односно
“да потрошат“ меѓу пет и 10 илјади евра.
Експертските проценки се дека во Франција, годишно, пристигнуваат околу 13
илјади нелегални имигранти што Саркози ги оцени како “очигледно потценување“.
Сепак, пресметките на министерот се дека годишно во државата се вселуваат меѓу
80 и 100 илјади имигранти, додека вкупниот број е меѓу 200 и 400 илјади лица.
Печатот ги пренесува и новите владини одлуки за јакнење на контролата на
имиграцијата по неодамнешните немири во француските предградија поради што во
државата беше воведена вонредна состојба.
Дел од мерките предвидуваат поголема контрола на бракови што се склучуваат со
странски државјани, построги услови за право на “собирање на семејство“, како и
за прием на странски студенти во државата.
Во Франција живеат меѓу пет и шест милиони имигранти што сочинуваат речиси 10
насто од вкупната популација./Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

