Uncategorized
Илјадито погубување во САД
САД во петок ќе го извршат илјадитото погубување по повторното воведување на смртната казна во 1976 година, соопшти меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).
САД во петок ќе го извршат илјадитото погубување по повторното воведување на смртната казна во 1976 година, соопшти меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).
Според ХРВ, САД го постигнаа тој неславен рекорд и покрај големиот број на докази за произволност, дискриминација и можностите за грешка на државата и на казненото правосудство во примената на смртната казна.
Кенет Ли Бојд (Kenneth Lee Boyd), ќе биде илјадито лице врз кое е извршена смртна казна во САД во последните 30 години. Бојд (57) во 1994 година е осуден за убиство на својата бивша жена и нејзиниот татко, во присуство на децата.
Уште една егзекуција е предвидена во САД за утре вечер. Станува збор за Шон Пол Хемфрајс (Shawn Paul Humphries), кој при грабеж на продавница го убил сопственикот.
Соединетите држави се една од малкуте уставни демократии кои погубуваат криминалци. САД, заедно со Кина, Иран и Виетнам имаат најголем број егзекуции во 2004 година.
Нема докази дека смртната казна го намалува бројот на злосторствата, тврди Центарот за информации за смртните казни, додавајќи дека процентот на убиства во земјите каде има смртна казна е за 44 насто поголем во однос на државите, каде таа не постои.
Сомневањата во праведноста на изрекувањето на смртната казна и можностите за погубување на невини лица предизвикаа значително намалување на американската поддршка на смртната казна. Во последните 30 години 120 лица осудени на смрт се ослободени по појавувањето на нови докази дека не се виновни./крај/хи/м/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

