Uncategorized
Ахмадинеџад предлага еврејска држава во Европа
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад синоќа
им предложи на Германците и Австријците на териториите на сопствените држави да
обезбедат простор за еврејска држава ако чувствуваат вина поради геноцидот над
Евреите за време на Втората светска војна
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад синоќа им предложи на Германците и
Австријците на териториите на сопствените држави да обезбедат простор за еврејска
држава ако чувствуваат вина поради геноцидот над Евреите за време на Втората
светска војна
"Ако верувате дека Евреите биле
угнетувани, зошто мислите дека палестинските муслимани би требало да ја платат
цената за тоа? Ако вие сте ги малтретирале, тогаш дајте му дел од европската
територија на ционистичкиот режим за да можат таму да воспостават управа која
толку ја сакаат, а ние во тоа ќе ве поддржиме“, рече Ахмадинеџад во интервју за
иранската сателитска мрежа Ал-Алам.
"Германија и Австрија нека му
дадат две или три покраини на ционистичкиот режим и проблемот ќе биде во старт
решен", рече Ахмадинеџад .
"Европските земји остануваат на
фактот дека над Евреите сториле геноцид за време на Втората светска војна, а како
последица на тоа го поддржуваат окупаторскиот режим во Ерусалим. Ние тоа не го
прифаќаме ", рече иранскиот претседател во Мека каде учествува на самитот
на Организацијата за исламска конференција.
Нарекувајќи го Израел "тумор", тој го повтори традиционалниот
став на Техеран за организирање референдум "меѓу населението кое отсекогаш
живее на тоа место", исклучувајќи ја притоа еврејската популација која се
доселила по Втората светска војна.
/крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

