Uncategorized
Авион излета од писта – едно дете загина
Едно шестгодишно дете загина, а 11 лица
се повредени, откако авион од типот “Боинг 737“, поради снежна бура, буквално
слетал врз два автомобили, во близина на аеродромот во Чикаго, јавија светските
агенции.
Едно шестгодишно дете загина, а 11 лица
се повредени, откако авион од типот “Боинг 737“, поради снежна бура, буквално
слетал врз два автомобили, во близина на аеродромот во Чикаго, јавија светските
агенции.
Авионот, со 98 патници и пет члена
на екипажот, се лизнал од пистата при слетување, ја пробил оградата околу
аеродромот, и влетал на прометна раскрсница при што удрил во еден паркиран
автомобил и еден во движење.
Детето, заедно со двајца браќа и
нивните родители, кои се повредени, биле во автомобилот во движење кога авионот
удрил во возилото. Четири лица од паркираниот автомобил се здобиле со тешки
повреди и веднаш се хоспитализирани.
Останатите четири
полесно повредени лица се патници во авионот, кој летал од Балтимор за Чикаго.
Федералната авијација започна истрага за инцидентот.
/Крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.