Uncategorized
Голем финансиски скандал во Италија
Финансиски скандали, апсења на директори на банки, незаконити дејствија во кои е вмешан Гувернерот на Банката на Италија (БИ), корупција на најмалку четири пратеници, неделава ја раздрмаа целата италијанска јавност, јавуваат италијанските медиуми.
Финансиски скандали, апсења на директори на банки, незаконити дејствија во кои е вмешан Гувернерот на Банката на Италија (БИ), корупција на најмалку четири пратеници, неделава ја раздрмаа целата италијанска јавност, јавуваат италијанските медиуми.
Секој ден нови големи имиња излегуваат на површина, финансиската полиција приведува големи финансиери, а веќе со сигурност може да се каже дека Гувернерот ќе ја изгуби фотелјата.
Во финансиската афера се вмешани лица и од власта и од опозицијата.
Премиерот Силвио Берлускони синоќа од Брисел се обиде да ја намали тензијата, изјавувајќи дека според него не се работи за нов случај на “Тангентополис“, популарен израз за голем финансиска афера во која се вмешани политичарите.
Меѓутоа, Берлускони најави дека во вторник ќе биде свикана вонредна седница на Владата, со цел да биде донесен закон кој ќе му го скрати неограничениот мандат на Гувернерот на БИ, Антони Фазио.
Во скандалот, досега е уапсен Џанпиеро Фиорани, директорот на “Банка Пополаре ди Лоди“, човек близок до власта, кој заврши во истражен затвор заедно со повеќемина негови соработници, бидејќи се обиделе нелегално да ја купат банката “Антонвенета“.
За таа цел, но како и за лично збогатување, земале пари од сметките на штедачите. Тоа го сториле во соработка со високи финансиски претставници, кои за возврат добивале “дебели“ банкарски салда.
Покрај финансиерите, полициската истрагата открила имиња на четири пратеници од владејачкиот блок, кои исто така добиле привилегирани банкарски сметки, но, чиј идентитет засега не е обелоденет.
Освен Фиорани, за нелегална купопродажба на банка под истрага се наоѓа и Џовани Консорте, директор на УНИПОЛ-осигурување, и финансиер близок на опозицијата.
Гувернерот Фазио, кој веќе е вмешан во друг финансиски скандал, најновите откритија го товарат дека им дал доверливи информации на двајцата директори и нивни пријатели, со цел да им го олесни купувањето на банките.
/крај/ст//б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

