Uncategorized
Оставка на гувернерот на италијанската централна банка поради скандал
Гувернерот на Централната банка на Италија Антонио Фацио синоќа поднесе оставка поради банкарскиот скандал кој изби по апсењето на поранешниот директор на банката Пополаре Италиано (БПИ) Џианпиеро Фиорани, кого првиот човек на италијанското банкарство го поддржуваше во операцијата на купување на банката Антонвенета.
Гувернерот на Централната банка на Италија Антонио Фацио синоќа поднесе оставка поради банкарскиот скандал кој изби по апсењето на поранешниот директор на банката Пополаре Италиано (БПИ) Џианпиеро Фиорани, кого првиот човек на италијанското банкарство го поддржуваше во операцијата на купување на банката Антонвенета.
Обвинителите Франческо Греко, Џулуија Пероти и Еугенио Фусцо, кои ја водат истрагата околу нејасното купување на банката Антонвенета, го испитуваа Фиорани вкупно повеќе од 10 часови.
"Имавме политичка заштита на највисоко ниво", призна Фиорани, практично повикувајќи го гувернерот Фацио.
Сите политички партии бараа оставка на гувернерот, а италијанската влада на премиерот Силвио Берлускони за денеска најави расправа за законот за банки со кој би се ограничил мандатот на гувернерот и би се вовела можноста на барање негова оставка.
Тоа веројатно го наведе Фацио да поднесе оставка. До сега ниту една институција освен управниот одбор на централната банка не можела да побара оставка на гувернерот.
Фацио наводно му давал на Фиорани строго доверливи информации кои потоа директорот на БПИ ги искористил за купување на банка Антонвенета за која биле заинтересирани и Холанѓани. На крајот и холандската банка ја купила банката Антонвенета, а Фиорани заедно со уште три менаџери на банката е уапсен минатата недела.
Осомничени се дека како членови на криминална организација извлекле незаконска добивка од сомнителни финансиски трансакции и операции со недвижности, отворале сметки во странство и основале оф-шор друштва кои ги користеле преку посредници, за да ја покријат и да ја исперат заработувачката од незаконското работење.
Миланските обвинители отворија и истрага за делувањето на Фацио. Се претпоставува дека против него би можело да биде подигнато обвинение поради давање информации кои можеле да се користат на берзата. И Европската централна банка започна истрага за Антонио Фацио. Посебно се испитуваат скапоцените подароци кои Фацио наводно ги добивал од уапсениот директор на банка БПИ, Џианпиеро Фиорани./крај/х/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

