Контакт

Uncategorized

Французите донесоа антитерористички закон

Објавено пред

Францускиот парламент донесе нов закон за борба против тероризмот, инспириран од британските мерки применети за откривање на терористите што ги извршија нападите во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Францускиот парламент донесе нов, построг закон за борба против тероризмот, инспириран од британските мерки применети за откривање на терористите што ги извршија нападите во Лондон.

Пратениците го изгласаа законот со 202 гласа “за“ и 122 “против“. Според текстот во законот, се предвидува засилување на видео набљудувањето на железничките станици, аеродромите и другите јавни места, ќе се дозволи официјално следење на Интернет и телефонските разговори, а периодот на притвор за осомничените терористи ќе биде зголемен.

 

Новиот закон овозможува видео надзор во јавните транспортни средства и на патиштата, како и на приватни објекти, дуќани и собиралишта на верниците.

 

Со овој закон се предвидува податоците за врските воспоставени преку мобилни телефони и интернет линкови да се чуваат цела година, дури и оние од јавните интернет клубови.

 

Со законот се зголемуваат затворските казни за тероризам – 20 години за учество, а 30 години за водење и организирање на терористичка акција, што е за десет години повеќе од досегашните.

 

Законот е изработен од министерот за внатрешни работи Николас Саркози по извршените атентати во Лондон, јули 2005.

/крај/хина/ б/ам/б

Uncategorized

Вучевиќ: Загрижувачка опсесија во регионот со Србија и Вучиќ

Објавено пред

Милош Вучевиќ, претседател на СНС и советник на претседателот на Србија за регионални прашања, денес изјави дека Србија не гледа толку многу на регионот колку што земјите од регионот гледаат на Србија и истакна дека оваа опсесија со Србија и Александар Вучиќ е загрижувачка.

dobivaj vesti na viber

„Ние не гледаме толку многу на регионот колку што регионот гледа на нас. Нашите медиуми не се грижат ни половина од нас, нема наслови против Пленковиќ или Спаиќ. Да не беше тажно, ќе беше смешно. Пред тоа имаше бран вести од Црна Гора дека Вучиќ е виновен за она што Турците го направија таму“, рече Вучевиќ во гостувањето на „ТС медија“.

Тој додаде дека се плаши оти црногорското раководство е малку избрзано со ветувањата кон својот народ и изјави дека Србија ѝ посакува на Црна Гора сè најдобро бидејќи многу луѓе таму се изразуваат како Срби.

Според Вучевиќ, оваа опсесија со Србија и Вучиќ е загрижувачка.

„Вучиќ ги вознемирува затоа што очигледно го убедува Макрон да направи нешто, но не им пречи кога хрватските навивачи извикуваат. И замислете дека е спротивното. Мислевме дека ќе осудат некој што им кажува дека ќе убијат една третина од луѓето“, рече Вучевиќ и додаде дека Милан Кнежевиќ е политичар од Црна Гора кој секогаш го кревал гласот.

Кога станува збор за европската интеграција на регионот, Вучевиќ изјави дека не е фер да се прескокнува кој било ред.

„Кога некои од нашите соседи беа прифатени, немаше инсистирање на одредени критериуми. Треба да ја погледнеме нашата работа, да останеме на европскиот пат“, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека, за него, најголемата победа е што Србија се враќа на нормален курс на крајот од оваа исклучително тешка година. Зборувајќи за неодамнешната посета на претседателот на Републиката, Александар Вучиќ, на Ниш, тој рече дека посетата била значајна, фокусирана на економијата, инвестициите, работните места и безбедноста на државата.

„Некој си дал право да му забрани на некого да доаѓа во град. Добро е што се отвораат фабрики, не успеаја да ја клекнат Србија. Стануваше збор за опстанок на државата, а не на некоја партија. Вчера видов дека некој имал добар коментар дека овие патриотски блокатори се особено наивни“, рече Вучевиќ во гостувањето на „ТС медија“.

Тој изјави дека тие ја идеализираат политиката не сфаќајќи дека има и други актери во оваа област.

Вучевиќ потсети дека од 8 октомври, ниту капка нафта не протекла низ „Јанаф“ и истакна дека никој од граѓаните, топланите или енергетскиот сектор не ги почувствувал последиците од овие санкции. „Очигледно е дека државното раководство знаело оти управува со кризна ситуација. Многу се гордеам со тоа“, истакна Вучевиќ.

Зборувајќи за изборите, Вучевиќ изјави дека му се чини оти блокаторите се подготвуваат за нив. „Гледате дека сега има прегрупирање, а за мене сите се исти во оваа сцена на блокада. Што и да кажат еден за друг, верувам, бидејќи се познаваат најдобро. Гледате дека блокаторите од колеџот повикуваат други“, рече Вучевиќ.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот

Објавено пред

Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.

dobivaj vesti na viber

За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку

Објавено пред

Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.

dobivaj vesti na viber

Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.

Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.

Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември

Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски....

Македонија6 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија8 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет9 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет11 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа12 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија12 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет13 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет13 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет13 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...