Uncategorized
Лансиран првиот дел на европскиот глобален навигационен систем
Во орбитата на Земјата денеска е лансиран првиот елемент на европската сателитска мрежа “Галилео”, идниот глобален навигационен систем.
Во орбитата на Земјата денеска е лансиран првиот елемент на европската сателитска мрежа “Галилео”, идниот глобален навигационен систем.
Руска ракета “Сојуз” од космодромот Бајконур го понесе во орбитата, сателитот “ГИОВЕ А” (Galileo In-Orbit Validation Element), кој во вселената ќе ги тестира новите технологии. Фазата на тестирање ќе ја комплетираат уште два сателити кои ќе бидат лансирани до 2008. година.
Европска унија очекува сателитската мрежа “Галилео”, составена од 30 сателити поставени на висина од преку 23.000 километри, која ќе почне да работи во 2008 година, да му конкурира на американскиот ГПС (Global Positioning System).
Во руската вселенска агенција Роскосмос, велат дека “Галилео”, исто така одговара на рускиот систем ГЛОНАС и оти ќе може да обезбеди оперативно одредување на положбата на објектите на Земјата, со грешка меѓу пет и 10 метри.
Во комерцијална употреба, проектот “Галилео”, кој чини околу 3,4 милијарди евра, ќе влезе до 2010. година.
На програмата и се придружија уште шест држави – Кина, Индија, Израел, Мароко, Саудиска Арабија и Украина, а уште некои имаат намера да го сторат истото.
Конзорциумот кој стои зад програмата “Галилео”, го сочинуваат европската аеронаутичка-вселенска компанија ЕАДС, францускиот “Талес” и “Алкател”, британскиот “Инмарсат”, италијанската “Финмеканика”, шпанската АЕНА и “Хиспасат”, германскиот “Дојче телеком”, како и уште седум членки.
“Галилео” ќе и овозможи на Европа да стекне независност во стратешката област на сателитско позиционирање, што е стана неопходно за управување со воздушниот, поморскиот и се повеќе на друмскиот сообраќај.
“Ако Американците сакаат да го скремблуваат ГПС, тоа можат да го направат кога ќе посакаат и сите ќе бидат погодени од тие одлуки“, изјави портпаролот на Европската вселенска агенција Франко Боначина.
ЕУ и САД лани се договорија “Галилео” да биде компатибилни со ГПС, кој е под контрола на американската војска.
/крај/б/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

