Uncategorized
Светот во 2006. со забави, штрајкови и вандализам

Први во Новата година влегоа жителите на Азија, Австралија и Океанија. Повеќе десетици илјади луѓе ја поздравија Новата година во Сиднеј со летни температури и спектакуларниот огномет.
Светот со забави на улиците, како и со штрајк на вработените во лондонското метро и палежи на возила во Франција влезе во Новата година.
Најголеми забави имаше на улиците на велеградовите како Москва, Лондон, Париз и Њујорк, а весело беше и на бразилските плажи.
Оваа година во поголемиот дел од светот е дочекана со радост, за разлика од ланската кога голем број забави беа откажани во знак на солидарност со жртвите од разорното цунами во југоисточна Азија.
Штрајкот на вработените во подземната железница во Лондон не влијаеше многу врз забавата, бидејќи работниците кои не се вклучени во синдикатот се погрижија метрото сепак да работи.
Лондончаните се собраа на Трафалгар Скверот за на полноќ да го слушнат ѕвонењето на Биг бен и да го видат огнометот наречен Лондонско око.
Прославата во Франција мина во знакот на палење автомобили. Во новогодишната ноќ изгореа вкупно 425 возила, а полицијата приведе 266 луѓе. За безбедноста во Франција се грижеа 25 илјади полицајци.
И Москва влезе во новата година со масовно присуство на полицијата. Повеќе илјади луѓе се собраа на улиците на Москва и покрај студеното време, а малку пред полноќ им се обрати рускиот претседател Владимир Путин.
Милион луѓе се собраа кај Бранденбуршката порта во Берлин, каде прославата беше во знакот на претстојното светско првенство во фудбал.
Спуштањето на кристалната топка и конфети го означија почетокот на Новата година на Тајмс Скверот во Њујорк, каде присуствуваа повеќе стотици илјади луѓе.
Празнувањето во Њу Орлеанс започна со поворка во спомен на жртвите од ураганот Катрина, кој го опустоши градот пред четири месеци, а дочекот на отворено беше откажан во повеќе градови во Калифорнија, каде обилните дождови предизвикаа поплави северно од Сан Франциско. Повеќе илјади луѓе, поради поплавите Новата година ја дочекаа во засолништа на Црвениот крст.
Бразил ја дочека 2006 година во ритамот на самбата. Повеќе милиони Бразилци се собраа на плажите на Рио де Жанеиро каде за огнометот беа потрошени 25 тони пиротехнички средства.
Први во Новата година влегоа жителите на Азија, Австралија и Океанија. Повеќе десетици илјади луѓе ја поздравија Новата година во Сиднеј со летни температури и спектакуларниот огномет.
Неколку илјади луѓе во Јапонија денеска уште в зори се искачија на планината Фуџи да го гледаат првиот изгрев на сонцето во 2006-тата година.
Во Азија дочекот на Новата година беше проследен и со тероризам. Вчера во индонезискиот град Палу во експлозија на бомба загинаа осум, а ранети беа 45 лица.
Новата година во Пакистан мина во знакот на катастрофалниот земјотрес од осми октомври, а голем број луѓе ја дочекаа на отворено на голем студ. /крај/ста/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин