Uncategorized
Ослободени грабнатите италијанските туристи во Јемен

Членовите на едно племе од Јемен, што минатата недела грабнаа петмина италијански туристи, денеска ги ослободија заложниците, објави јеменската, а потврди и италијанската влада.
Членовите на едно племе од Јемен, што минатата недела грабнаа петмина италијански туристи, денеска ги ослободија заложниците, објави јеменската, а потврди и италијанската влада.
“Преговорите вродија со плод“, изјави анонимен функционер на јеменската влада. Засега не се знае дали властите на Јемен им ги исполниле барањата на грабнувачите, кои бараа ослободување на некои членови на своите семејства од затвор, или заложниците се пуштени под некои други услови.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Руски беспилотни летала го нападнаа Киев

Русија го нападна украинскиот главен град Киев со беспилотни летала и проектили во раните утрински часови, предизвикувајќи пожари низ градот и повреди кај најмалку двајца, соопштија градските власти.
Едно беспилотно летало го погоди последниот кат на станбена зграда во областа Соломјанск на западниот брег на реките Днепар, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Кличко рече дека две лица се повредени во областа Дњепровски на спротивниот брег на реките Днепар. Службите за итна помош биле на местото на несреќата.
Пожар избувна на два ката од станбена зграда во областа Днипровски, изјави началникот на градската воена управа на Киев, Тимур Ткаченко, додека два пожари избувнаа во западниот дел на градот.
Текстот продолжува под огласот
Делови од беспилотните летала паднале низ градот
Во неколку квартови паднаа делови од дронови.
Единиците за противвоздушна одбрана одговорија на нападот, рече Кличко.
Очевидци пријавиле голем број беспилотни летала кои летале над Киев и силни експлозии кои го потресоа градот, јавува Ројтерс.
Uncategorized
Предлог-закон за формирање инспекторат за грбот, знамето и за химната

На денешната собраниска прес-конференција портпаролот и пратеник на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, го најави законот за инспекторат за државни инсигнии, со кој, како што рече, се гарантира почитувањето на грбот, знамето и на химната на Република Македонија, како и на симболите на етничките заедници.
„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои и Закон за знамињата на заедниците и тој закон пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија“, рече Мециновиќ на собраниската прес-конференција.
Како главен мотив за донесување на овој закон од партијата ги наведуваат честото непочитување на државните инсигнии и провокациите што предизвикуваат меѓуетничка нетрпеливост и тензии, а државата останува со врзани раце, без можност да изрече казна за непочитување на постојните закони или сквернавање на државните инсигнии.
Од партијата соопштија дека со овој предлог-закон инспекторатот за инсигнии ќе биде сместен во рамките на Министерството за правда, а ќе има право да врши надзор како на институциите така и на правните и на физички лица.
Uncategorized
Борејќи се за Русите загина син на заменик-директорка на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменик-директорката на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, објави „NBC News“.
Според медиумските извештаи, Глос се приклучил на руската армија и бил убиен за време на борбените операции во Украина.
„ЦИА ја смета смртта на Мајкл за приватна семејна работа на семејството Глос, а не за прашање од национална безбедност“, рече портпаролот.
Порталот „Important Stories“ беше првиот што објави за смртта на Глос, повикувајќи се на руски извори и профилите на починатиот на социјалните мрежи. На својата страница на ВКонтакте, Глос објави фотографии од Црвениот плоштад и изрази сочувство кон руската војска, нарекувајќи ја украинската армија „корумпирана“, а западните медиуми „пропаганда“.
ЦИА официјално ја потврди смртта, но не прецизираше на чија страна синот на функционерката учествувал во борбите. Во соопштението за медиумите се наведува дека семејството доживеало голема лична трагедија и побарало да се почитува нивната приватност.
„Патување во Источна Европа“
Во официјалниот некролог, семејството навело дека Мајкл починал „додека патувал во Источна Европа“, без да ја спомене Русија или војната во Украина.
Според достапните информации, Мајкл Глос е син на Џулијан Галина Глос, заменик-директорка на ЦИА за дигитални иновации, и Лари Глос, ветеран од војната во Ирак кој работи на развој на софтвер за американската војска и НАТО.
Медиумите известуваат дека Мајкл бил пацифист, протестирал против забраната за абортус и се залагал за заштита на климата. Пред да дојде во Русија во 2023 година, тој патувал низ Европа и на социјалните мрежи се опишувал како антифашист, еколошки активист и борец за правата на жените. Тој објавуваше теории на заговор за Украина и веруваше дека НАТО е основано од нацистите.