Uncategorized
Атентаторот на папата Јован Павле Втори, од денеска на слобода
Турчинот Мехмет Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, денеска е пуштен на слобода, откако во затвор помина речиси четврт век, јавуваат турските медиуми.
Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, денеска е пуштен на слобода, откако во затвор помина речиси четврт век, јавуваат турските медиуми.
Четириесет и осумгодишниот Али Агџа од 2000 година се наоѓа во затворот во Истанбул, каде што беше испорачан по 19 години поминати по италијанските затвори поради ранувањето на папата Јован Павле Втори на 13 мај на Плоштадот Свети Петар.
Али Агџа, кој има долго криминално досие е затворен штом бил вратен во Турција. Тој е затворен врз основа на пресуда, изречена во отсуство, поради убиство на Абди Ипекчи, познат директор на угледниот турски весник “Милиет“, што го извршил во 1979 година. Покрај тоа Агџа, во 2000 година е осуден на 36 години затвор поради два напади врз банка извршени во 70-тите години од минатиот век.
Али Агџа денеска ќе биде пуштен на слобода благодарејќи на амнестијата прогласена во 2002 година, како и поради смалувањето на затворските казни одобрени во согласност со реформите на турскиот казнен закон, што го бараше Европската унија.
По излегувањето од затвор Агџа треба да им се јави на турските воени власти, бидејќи се уште не служел војска, обврска задолжителна за секој Турчин постар од 18 години.
Во времето кога пукаше на папата, тогаш 23-годишниот Агџа беше милитант на екстремната десница, член на злогласните “Сиви волци“, и бегаше од турската полиција.
За време на својот живот папата Јован Павле Втори го посети Агџа во затворот и му прости, но околностите на атентатот никогаш не беа целосно разјаснети.
Обвиненијата против бугарските и советските тајни служби никогаш не беа докажани, а и самиот Агџа неколку пати ја менуваше верзијата, па дури и тврдеше дека неговото дело било дел од “Божјиот план“.
/крај/хн/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

