Uncategorized
Загинаа 42 словачки војници во авионска несреќа
Загинаа 42 словачки војници кога воен авион на словачкото воздухопловство се урна синоќа во близина на местото Телкибани, во Унгарија, соопшти денеска портпаролот на унгарското Министерство за надворешни работи Тибор Добсон.
Загинаа 42 словачки војници кога воен авион на словачкото воздухопловство се урна синоќа во близина на местото Телкибани, во Унгарија, соопшти денеска портпаролот на унгарското Министерство за надворешни работи Тибор Добсон.
Тој ги демантираше првичните информации дека во несреќата загинале 44 лица, додавајќи дека загинале 42 војници, додека еден сигурно се спасил, но и тој е во тешка состојба.
Авионот “Антонов Ан-24“ летал од Приштина на Косово кон Кошице, во источна Словачка, а се урнал на 700 метри високото брдо во близина на Телкибани, на само 20-тина километри од воената база. Словачките власти потврдија дека повеќето загинати војници се од КФОР.
Унгарските власти изјавија дека леталото се запалило кога пожарникарите стигнале на местото на несреќата, а спасувачката акција се одвивала со потешкотии бидејќи хеликоптерите не можеле да слетаат во ненаселениот дел на Телкибани.
“Уште мораме да го истражиме местото на несреќата, а потоа ќе ги погледаме радарските снимки и да ја преслушаме радиоврската меѓу авионот и воздушната контрола“, изјави портпаролот на унгарското Биро за сообраќајна безбедност.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.