Uncategorized
Шолц – Германија да се снабди со нуклеарно оружје!

Поранешниот германски министер за одбрана, Руперт Шолц, смета дека Германија би требала да ја разгледа можноста за набавка на нуклеарно оружје, пишува денеска дневниот весник „Билд“.
Поранешниот германски министер за одбрана, Руперт Шолц, смета дека Германија би требала да ја разгледа можноста за набавка на нуклеарно оружје, пишува денеска дневниот весник „Билд“.
„Ние мора да отстапиме од табуто, кое се однесува на Германија и нуклеарното оружје“, изјави Шолц, кој е член на владеачката Христијанско – демократска унија (ЦДУ), или попозната како партија од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел.
Тој укажа на фактот дека за време на Студената војна Германија била под заштита на своите НАТО партнери, но во меѓувреме, според него, состојбата се променила.
„Ние од своите партнери мора да имаме доказ дека во случај на терористички напад имаме добра нуклеарна заштита, а доколку не е така, мора да размислиме за одбрана со сопствено нуклеарно оружје“, смета поранешниот министер за одбрана.
Тој изрази загриженост, бидејќи реално гледано, опасноста според него не е апстрактна.
„Иран, уште сега со своите ракети со среден дострел, може да ги нападне Хамбург, Берлин или Келн. Кој ќе ни помогне во тој случај?“, запраша Шолц.
Германија во 1955 планираше да се снабди со материјал и технологија за производство на нуклеарно оружје, но, подоцна се откажа.
Денеска на нејзина територија се наоѓаат неколку десетици нуклеарни боеви глави, кои се дел од вооружувањето на американската војска.
/крај/хина/мс/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Манасиевски: Каја Шукова е врзана во бизнис-кругот на Заев и Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи

Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидат кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС? Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?
Дали Каја Шукова заради ова свое минато со Заев и Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?
Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и Филипче.
Каја Шукова ќе дознае што мислат Скопјани за СДС и за неа, со најголемиот пораз во историјата на таа партија“, рече Манасиевски.
Uncategorized
(Видео) Ги испробала сите можни диети и тврди дека само едно нешто ѝ помогнало

Д-р Бетси Гранч, неврохирург, целиот свој живот имала прекумерна тежина, а во еден момент тежела околу 104 килограми (вели таа во видеото).
Во нејзината потрага по поздрав живот, таа пробала различни диети – од оние што ги видела на реклама до оние што самата ги истражувала.
Ниедна од нив не ѝ ги дала резултатите што ги сакала, но кога искомбинирала две диети, се случила трансформација. Докторката изгубила неверојатни 34 килограми и сега тежи околу 70 килограми (како што изјави во видеото).
Таа го сподели своето искуство за да им помогне на сите што сакаат да направат промена. Прво јадела храна богата со протеини, а потоа се посветила на повремен пост – диета на која се колнат познатите личности.
Тоа вклучува периоди во кои ви е дозволено да јадете што сакате, но и оние во кои пиете само вода, незасладено црно кафе или чај.
„Еден од најголемите виновници за дегенеративните промени во ‘рбетот е телесната тежина. Ми недостасуваше едукација за исхраната и тоа се гледаше на мојата фигура“, рече докторката, која имаше големи проблеми со грбот поради нејзината тежина. Таа откри дека 2018 година била пресвртница во нејзиниот живот. Одлучила да ослабе и успеала во таа намера.
Повремен пост
Голем број студии сугерираат дека повремениот пост не функционира за секого, но може да има здравствени придобивки. Им помага на луѓето да постигнат одреден калориски дефицит што е неопходен за губење на тежината.
Таа првично следела диета со висока содржина на протеини.
Протеините се добри за слабеење бидејќи ве одржуваат сити подолго време. Јадела интегрални житарки и малку јаглехидрати.
Потоа ги броела калориите. Секогаш се обидувала да биде во калориски дефицит, ѝ било тешко да премине од три оброци дневно на два, но го решила тој проблем со пиење повеќе вода.
Откако ослабела 34 килограми, д-р Гранч имала операција за отстранување на вишокот кожа. Таа објаснила дека верува дека тој начин на размислување е клучен за процесот на слабеење.
Нејзината цел била да успее без лекови или апчиња за слабеење, и таа успеала – бројката од 104 килограми на вагата е минато.
Фото: принтскрин
Uncategorized
(Видео) Софија Вергара танцува со момче на Ибица, снимката стана вирална на социјалните мрежи

Софија Вергара веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Неодамна таа организираше забава за да го прослави својот 53-ти роденден, а познато е дека Том Брејди со задоволство ја прифати нејзината покана за роденден.
Покрај тоа, актерката објави серија бомбастични фотографии кои никого не оставија рамнодушен.
@ibiza #ibiza ♬ origineel geluid – Ibiza
Видео од Вергара во еден клуб сега стана вирално. Актерката се забавувала одлично на Ибица, во друштво на нејзините пријатели, како и на еден згоден маж. Според медиумите, мажот за кој станува збор е претприемачот Даг Чабат.
Сексапилната Колумбијка за пригодата носеше бел летен фустан, а својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка.
Таа го објави видеото на Инстаграм со опис: „Кога си на Ибица“. Обожавателите веднаш реагираа. Повеќето од нив ѝ рекоа дека е „прекрасна“ и дека едноставно „блеска“.
Фото: принтскрин