Uncategorized
Израел нема да преговара со Влада во која е вклучен Хамас
Еврејската држава нема да преговара со палестинска влада што би го вклучила исламистичкото движење Хамас, што по победата на парламентарните избори би требало да состави нова влада – се закани израелскиот в.д. премиер Ехуд Олмерт.
Еврејската држава нема да преговара со палестинска влада што би го вклучила исламистичкото движење Хамас, што по победата на парламентарните избори би требало да состави нова влада – се закани израелскиот в.д. премиер Ехуд Олмерт.
По вонредната седница на Владата која траеше три часа и на која се разгледуваа синоќешните официјални резултати од палестинските избори, Олмерт рече дека “Израел нема да води никакви преговори со палестинска Влада што вклучува членови на оружена терористичка организација“.
Палестинскиот лидер Махмуд Абас, кој истовремено е шеф на поразената Фатах, признавајќи го поразот повика на мирна разврска на сите проблеми, односно повтори дека е го подржува мировниот договор.
Премиерот Ахмед Кореи од Фатах, по вчерашните резултати според кои Хамас освои 76 од 132 места во парламентот, ја понуди својата оставка и соопшти дека нема намера да се приклучи во новата влада на Хамас.
Меѓународните медијатори во меѓувреме ја повикаа Хамас веднаш да ги осуди насилствата, како дел од почетните напори за формирање на нова влада.
Таканаречениот Квартет, ООН, САД, Русија и ЕУ, во заедничко соопштение издадено синоќа го повикаа Хамас да се повлече од насилството како метод и да го признае правото на Израел на постоење како држава.
Високи претставници на „квартетот’ ќе се состанат во понеделник во Лондон да ја разгледаат новонастанатата ситуација и да усвојат мерки за одржување на мирот. На состанокот кој се оценува за многу важен ќе присуствува лично и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан.
Состанокот е обременет со нервозните изјави од Израел и од Хамас, но и од американскиот претседател Џорџ Буш, кој синоќа изјави дека САД нема да поддржат политичка партија во Палестинската автономија која се залага за уништување на Израел.
/крај/ббц/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

