Uncategorized
Турција се понуди да посредува меѓу Израел и Хамас
Турција изрази подготвеност да "посредува" меѓу Израел и палестинската влада која би ја формирало радикалното движење Хамас по победата на парламентарни избори, изјави турскиот премиер Реџеп Ердоган.
Турција изрази подготвеност да "посредува" меѓу Израел и палестинската влада која би ја формирало радикалното движење Хамас по победата на парламентарни избори, изјави турскиот премиер Реџеп Ердоган.
"Би можеле да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Палестина", изјави Ердоган по неформалната средба со генералниот секретар на ОН Кофи Анан во рамки на Економскиот форум во Давос.
"Организацијата на исламска конференција исто така би можела во таа смисла да одигра значајна улога", рече Ердоган, додавајќи дека за тоа разговарал со пакистанскиот претседател Первез Мушараф.
Коментирајќи ја убедливата победа на Хамас, турскиот премиер порача дека "мора да се почитува изборната волја на Палестинците, без оглед дали нам ни се допаѓа нивниот избор или не".
Ердоган истовремено укажа дека и Израел и Хамас мораат “да ја прифатат реалноста" што подразбира и меѓусебно да се признаат.
Турција е регионален партнер на Израел откако двете земји во 1996 година потпишаа договор за воена соработка. Анкара, истовремено, одржува односи и со Палестинците, поддржувајќи ги нивните барања за создавање на суверена палестинска држава./крај/б/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.