Uncategorized
Корупција во здравството – нема 3 трилиони долари
Трилиони долари наменети за здравствена заштита се ограбени како резултат на корупцијата и изнудувањето, се тврди во Глобалниот Извештај за корупција за 2006 година што денеска го објави Транспарентност Интернационал-Берлин (ТИ).
Трилиони долари наменети за здравствена заштита се ограбени како резултат на корупцијата и изнудувањето, се тврди во Глобалниот Извештај за корупција за 2006 година што денеска го објави Транспарентност Интернационал-Берлин (ТИ).
Во годишниот извештај се истакнува дека околу три трилиони долари, средства наменети исклучиво за здравството, поради корупцијата никогаш не стигаат до вистинските корисници.
Според документот на Транспарентност Интернационал, корупцијата и во сферата на фармацевтската индустрија врши директен и болен удар врз луѓето кои се борат за да преживеат.
Корупцијата го попречува спроведувањето и на трите Милениумски цели зацртани во програмата на Обединетите нации, пред се намалување на смртноста кај децата, подобрување на здравјето на мајката и борбата со сидата.
/крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.