Контакт

Uncategorized

Индија повлекува 15.000 војници од Кашмир

Објавено пред

Индија денеска соопшти дека ќе повлече 15.000 војници од немирната покраина Џаму и Кашмир, чекор што би можел да го зајакне индиско – пакистанскиот мировен процес, јавија агенциите.

dobivaj vesti na viber

Индија денеска соопшти дека ќе повлече 15.000 војници од немирната покраина Џаму и Кашмир, чекор што би можел да го зајакне индиско – пакистанскиот мировен процес, јавија агенциите.

Висок индиски претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека повлекувањето ќе биде етапно, но одбил да наведе други поединости. Проценките се дека во немирната хималајска покраина Кашмир се стационирани околу половина милион војници кои се борат против исламистичките сепаратисти кои се противат на индиската власт во Кашмир.

/макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.

Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.

Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.

Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат

Објавено пред

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информира дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на Службата за општи и заеднички работи на клиниките.
Тој најави дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.
Министерот Таравари информира дека во владина процедура се доставени и законските измени за укинување на економските директори во универзитетските клиники, а се осврна и на спојувањето на клиниките во еден клинички центар, со што тенденцијата е да се намали бројот на директори и членови на управните одбори.
„Особено внимание во следниот период посветуваме на регионализација на здравствените услуги и на мотивирање и стимулирање на докторите од клиниките да работат во болниците во другите градови. Исто така, планираме стратегија во соработка со Медицинскиот факултет за стимулирање на докторите да се запишуваат на дефицитарните специјализации, како што се педијатрија, анестезиологија, радиологија и друг дефицитарен кадар“, рече министерот Таравари.

Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Uncategorized

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Објавено пред

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.

dobivaj vesti na viber

„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.

Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет2 часа

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет2 часа

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет2 часа

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет3 часа

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет3 часа

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија16 часа

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија17 часа

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...

Македонија19 часа

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт. „Државната...

Економија20 часа

(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги....

Македонија21 час

Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14...

Македонија23 часа

Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за...

Свет1 ден

Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој...

Регион1 ден

Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето,...

Свет1 ден

(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800...

Македонија1 ден

СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада....

Регион1 ден

Фицо за првпат се појави во јавноста откако беше ранет

Словачкиот премиер Роберт Фицо се појави во јавноста за првпат откако беше ранет во мај годинава. Фицо, кој се опоравува...

Свет1 ден

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција

Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во...