Uncategorized
Ирак: Насилствата продолжуваат – најмалку 36 мртви

Најмалку 36 лица се убиени во серија инциденти во Ирак, ноќеска и денеска, меѓу кои има жени и деца и 14 припадници на специјалните сили на ирачката полиција, соопштија денеска ирачки безбедносни извори.
Најмалку 36 лица се убиени во серија инциденти во Ирак, ноќеска и денеска, меѓу кои има жени и деца и 14 припадници на специјалните сили на ирачката полиција, соопштија денеска ирачки безбедносни извори.
Нападите се случуваат во екот на тензиите предизвикани од подметнувањето на експлозив во шиитското светилиште во Самара, по што уследија верски судири и осветнички напади на сунитската заедница. Речиси 200 луѓе се убиени во Ирак во тие судири.
Телата на 14 полициски специјалци убиени во ноќешните судири пронајдени се утринава. Борбите околу џамијата Кубаиси во Багдад се воделе во текон на ноќта меѓу полицајците и вооружените припадници на шиитската милиција.
Загинувањето на полициските командоси е голем губиток за ирачките безбедносни сили, соочени со растечкиот притисок да ги прекинат крвавите судири за да не развијат во верска граѓанска војна.
Вооружени напаѓачи убиле денеска дванаесет членови на едно шиитско семејство во нивната куќа во близината на Бакуба, шеесетина км северно од Багдад. Меѓу убиените има жени и деца, објавија болнички извори
Во светиот шиитски град Кербала денеска се убиени најмалку 9 лица, а 25 се ранети во атентат со автомобил-бомба на локалниот пазар.
Едно лице е убиено а четири се ранети во Багдад, кога бил отворен оган на погребната поворка за Атвар Бахјат, ирачка новинарка на сателитската телевизија Ал-Арабија, киднапиранa и убиена во Самара./крај/х/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.
„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.
Ukrainian warriors destroyed the russian Iskander missile systems 🔥
One russian missile launcher detonated, and two more were likely damaged.
The results of the strike are being clarified.📹: @GeneralStaffUA pic.twitter.com/ufP92F8SQX
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 5, 2025
Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.
Uncategorized
Судот ги поништи царините на Трамп, ги прогласи за незаконски

Федералниот суд на Соединетите Американски Држави ги блокираше многу високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања.
Пресудата, донесена од страна на судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните царини од 10 проценти што Трамп ги воведе на „речиси секој трговски партнер на САД“, а десетици земји беа загрозени со повисоки царини, пишува „NBC News“. Судот, исто така, блокираше посебен сет царини што ги воведе администрацијата на Трамп врз Кина, Мексико и Канада, во кои како причина за зголемувањето се наведоа трговијата со дрога и нелегалната имиграција.
Администрацијата на Трамп ги оправда царините со повикување на Законот за овластување за меѓународна економска вонредна состојба од 1977 година, или IEEPA, кој му дава на претседателот овластување да го регулира увозот за време на одредени вонредни состојби.
Сепак, судот вчера го отфрли толкувањето на законот од страна на владата и рече дека би било неуставно кој било закон донесен од Конгресот да му даде на претседателот целокупно овластување да одредува царини.
„Судот не донесува одлука за мудроста или можната ефикасност на употребата на царини од страна на претседателот. Оваа употреба е недозволива не затоа што е неразумна или неефикасна, туку затоа што (федералниот закон) не го дозволува тоа“, наведе тричлениот судски совет во одлуката, пренесува Танјуг.
Судот рече дека царините за Кина, Канада и Мексико не се легални затоа што „не се справуваат со заканите идентификувани во тие наредби“. Тројцата судии кои ја напишаа пресудата беа номинирани за судскиот совет од поранешниот претседател Роналд Реган, поранешниот претседател Барак Обама и Трамп во неговиот прв мандат. Администрацијата на Трамп во судските документи посочи дека ќе поднесе жалба на пресудата до Федералниот апелационен суд.
Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, одговори на пресудата, бранејќи го образложението за царините, велејќи дека трговскиот дефицит на САД со други земји „создаде национална вонредна состојба што ги десеткуваше американските заедници“. Тој тврди дека царините се неопходни за да се поттикне производството во САД и да се стави крај на она што тој го смета за неправедни трговски практики.
Со воведувањето на царините на почетокот на април, Трамп го нарече трговскиот дефицит „национална вонредна состојба“, што ја оправда неговата царина од 10 проценти за целиот увоз, со повисоки стапки за земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит, особено Кина.
Uncategorized
Предлог-закон за формирање инспекторат за грбот, знамето и за химната

На денешната собраниска прес-конференција портпаролот и пратеник на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, го најави законот за инспекторат за државни инсигнии, со кој, како што рече, се гарантира почитувањето на грбот, знамето и на химната на Република Македонија, како и на симболите на етничките заедници.
„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои и Закон за знамињата на заедниците и тој закон пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија“, рече Мециновиќ на собраниската прес-конференција.
Како главен мотив за донесување на овој закон од партијата ги наведуваат честото непочитување на државните инсигнии и провокациите што предизвикуваат меѓуетничка нетрпеливост и тензии, а државата останува со врзани раце, без можност да изрече казна за непочитување на постојните закони или сквернавање на државните инсигнии.
Од партијата соопштија дека со овој предлог-закон инспекторатот за инсигнии ќе биде сместен во рамките на Министерството за правда, а ќе има право да врши надзор како на институциите така и на правните и на физички лица.