Uncategorized
УНХЦР: Преполовена бројката за барање азил на Запад
Спротивно на раширеното верување за пораст на барателите на азил на Запад, оваа бројка се преполови во последните пет години и падна на најниска точка во изминатите две десетлетија, објави денеска Високиот секретаријат на ООН за бегалци (УНХЦР).
Спротивно на раширеното верување за пораст на барателите на азил на Запад, оваа бројка се преполови во последните пет години и падна на најниска точка во изминатите две десетлетија, објави денеска Високиот секретаријат на ООН за бегалци (УНХЦР).
Според податоците, Србија и Црна Гора (СЦГ), заедно со Косово била водечки во светот по бројот на баратели на азил во 2005 година, по што следи Русија, која вклучува и големи број на барања од Чеченија.
Бројот на барања за азил во 50 индустриски развиени држави е во пад четврта година по ред и изнесува 336 илјади во 2005 година, односно 15 проценти помалку во однос на 2004, гласат привремените податоци што ги објави Агенцијата на ООН во своето седиште во Женева.
Во Европа, каде партиите на крајната десница во некои држави манипулираа со стравот од прелевање на бегалците, бројот на баратели на азил е најмал од 1988 година, изјави Високиот секретар за бегалци Антонио Гутереш, бивши португалски премиер.
“Овие податоци покажуваат дека приказните за растечкиот проблем на азил во индустриски развиените држави не се веродостојни“, рече Гутереш.
Тој ги повика индустриски развиените држави да размислат за тоа “дали да ги затвораат вратите на мажите, жените и децата кои бегаат пред прогонот, наметнувајќи се построги ограничувања за барателите на азил“.
Вкупниот број на баратели на азил во 2005.година, во 38 западни држави, беше најнизок од 1987 година, според УНХЦР.
Повеќето од вкупно 9,2 милиони бегалци во светот се сместени во државите во развој – Пакистан, Иран и Танзанија. Во развиениот свет најмногу барања за азил имало во Франција, САД, Британија и Германија.
Барањата за азил во Европската унија (ЕУ) лани, се намалија за 15 проценти во споредба со 2004, а УНХЦР претходно предупреди дека новите одредници за азил, што во ноември ги донесе ЕУ, може да водат до кршење на меѓународниот закон за бегалци.
Бројот на баратели на азил во светот најмногу се намали во САД и во Канада, а во Австралија и Нов Зеланд за 75 проценти.
/Крај/хи/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

