Uncategorized
Рајс на европска турнеја
Германската, француската и британската престолнина се станици на европската турнеја што од денеска ја започнува американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, главно посветена на иранското нуклеарно прашање.
Германската, француската и британската престолнина се станици на европската турнеја што од денеска ја започнува американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, главно посветена на иранското нуклеарно прашање.
Рајс во четврток, во Берлин, ќе учествува на средба на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), на која страните ќе се обидат да договорат заедничка изјава во врска со спорната иранската нуклеарна програма.
Државниот секретар ќе има средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Кина, Русија и Германија, на кои ќе се разговара за застојот во преговорите помеѓу ОН и Иран, соопштено е синоќа во Вашингтон.
Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија настојуваат да усогласат заедничка изјава на ова тело на светската организација која би изразила загриженост околу нуклеарната програма на Иран
./крај/х/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сопружници од Пробиштип се расправале, 16-годишната ќерка го избола својот татко
Вчера во полицијата во Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
„Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.