Uncategorized
Умре контроверзниот Каспар Вајнбергер – патронот на Кондолиза Рајс
Американскиот контроверзен политичар од висок профил Каспар Вајнбергер, почина синоќа во 88 година од животот.
Американскиот контроверзен политичар од висок профил Каспар Вајнбергер, почина синоќа во 88 година од животот.
Вајнбергер служеше во администрациите на Претседателите Никсон и Форд како министер за здравство, а во администрацијата на Роналд Реган беше министер за одбрана и творец на огромниот буџетски дефицит на Вашингтон, наменет за вооружување и за програмата „Војна на ѕвездите“.
Беше вмешан и во аферата „Ирангејт“ и во аферата со тајното вооружување на „контрашите“ во Никарагва.
Поднесе оставка во 1987 година, откако беше обвинет дека го лажел независното конгресно тело околу продажба на ракети на Иран и давање предност на десницата во Никарагва.
Претседателот Џорџ Буш го аболираше во 1992 година, само неколку дена пред почетокот на судскиот процес против него. Вајнбергер беше одговорен и за вооружувањето на талибанците на Осама бин Ладен во Авганистан, во осумдесетите години од минатиот век, кога тие се бореа против Советската инвазија.
Џорџ Буш јуниор издаде посебно соопштение во врска со смртта на Вајнбергер, полно со пофалби, а државниот секретар Кондолиза Рајс, практично го прогласи за нејзин патрон.
„Тој беше некој што ме охрабруваше за време на целата моја кариера, кога бев студент и млад службеник во владата“ – им изјави Рајс на новинарите.
/крај/рт/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сопружници од Пробиштип се расправале, 16-годишната ќерка го избола својот татко
Вчера во полицијата во Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
„Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.