Uncategorized
Чарлс Тејлор е испорачан на Суд за воени злосторства
Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор синоќа е испорачан во Сиера Леона на судот за воени злосторства поддржан од Обединетите нации, каде ќе го чека судењето по обвиненијата што го товарат за брутални злосторства.
Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор синоќа е испорачан во Сиера Леона на судот за воени злосторства поддржан од Обединетите нации, каде ќе го чека судењето по обвиненијата што го товарат за брутални злосторства.
Тејлор е испорачан во Монровија преку Либерија, откако Нигериските власти успеаја да го фатат во обид да избега во близина на границата со Камерун.
Поранешниот либериски претседател се наоѓаше во егизл во Нигерија близу три години, по договорот што овозможи крај на бруталната граѓанска војна во неговата земја и во Сиера Леоне.
Во понеделникот, тој исчезна од својот дом во Нигерија – властите се соочија со обвинување дека му помогнале да избега, по што следуваше акцијата за негово апсење, а Нигерија побара извинување од сите што ја обвинија за соработка со Тејлор.
Чарлс Тејлор треба да одговара за поттикнување на граѓанска војна во неговата земја, во соседната Сиера Леоне, каде што ги помагаше бунтовниците кои со години беа познати по тоа што ги сакатеа цивилите и за настабилност во другите соседни земји.
Тој е познат како „господар на војната“ уште од 1989, многу години пред да стане претседател на Либерија во 1997 година.
Тејлор се сочува со обвиненија за 17 дела на воени злосторства и нехумано постапување со цивили.
Судот е формирна во 2002 година во обид да ги изнесе пред лицето на правдата одговорните за децениската граѓанска војна во која страдаа десетици илјади цивили.
Обединетите нации го поддржуваат судот, но формално немаат надлежност врз него, затоа што е формиран од САД и Велика Британија. Судењето ќе се одвива комбинирано, според законите на Сиера Леоне и меѓународното хуманитарно право.
/крај/ббц/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сопружници од Пробиштип се расправале, 16-годишната ќерка го избола својот татко
Вчера во полицијата во Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
„Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.