Uncategorized
Еден убиен и деветмина ранети
Едно лице загина, а други деветмина се повредени при експлозија на две бомби кои утринава одекнаа Багдад, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.
Едно лице загина, а други деветмина се повредени при експлозија на две бомби кои утринава одекнаа Багдад, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.
Лицата се ранети при два поединечни напади, додека полицијата патролирала низ градот. Синоќа во Ирак загинаа вкупно 17 лица, а најкрвав беше нападот врз една локална фирма во Багдад, која се занимава со увоз на покуќнина. /
макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сопружници од Пробиштип се расправале, 16-годишната ќерка го избола својот татко
Вчера во полицијата во Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
„Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.