Uncategorized
Втор бран поплави во Чешка
Втор бран на поплави ја зафати Чешка, овој пат јужниот и источниот дел на земјата, предизвикани од наглото топење на снегот на планините во северниот дел, јавуваат медиумите.
Втор бран на поплави ја зафати Чешка, овој пат јужниот и источниот дел на земјата, предизвикани од наглото топење на снегот на планините во северниот дел, јавуваат медиумите.
Критична е состојбата на реките Морава во јужниот и источниот дел на земјата, и Лаба во централна и северна Чешка, а вонредна состојба е прогласена во седум од вкупно 14 чешки региони.
Илјадници жители на градот Оломоук во Моравија, во југоисточниот дел на земјата имале исклучително тешка ноќ, бидејќи водата ја пробила браната. Хидрометеоролозите предупредуваат на критична состојба на осум насипи на реката Морава.
“Се плашам дека ова до сега во споредба со она што може да се случи во долниот тек на Морава личи на обична вежба“, изјави Стањислав Јуранек, претставник од Јужноморавскиот регион.
Поплавите на Волтава во Прага и на Лаба во која се влева Волтава не се разорни како во летото 2002 година, бидејќи системот брани јужно од Прага успева да го задржи бранот.
Од ноќеска полицијата ги чува специјалните брани против поплави што го штитат старото градско јадро, откако крадците една таква скапа бариера ја украле.
Лаба и притоките се закануваат повторно да го потопат некогашниот нацистички концентрационен логор Терезин, на околу 60 километри северно од Прага.
Вечерва чешката влада повторно ќе одржи вонредна седница, а премиерот Јиржи Пароубек најави дополнителни средства за загрозените подрачја. Владата досега за поплавените подрачја веќе издвоила 13,5 милиони евра.
Министерот за финансии Бохуслав Соботка процени дека штетата нема да биде толку голема како во 1997 и 2002 година, кога под вода остана третина од Чешка и дека сега нема потреба да се бара дополнителна помош од Европската унија.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

