Uncategorized
ЕУ им забрани влез на Лукашенко и на соработниците
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска донесоа одлука за водевување на забрана за влез на своја територија на белорускиот претседател Александар Лукашенко и на неговите најблиски соработници.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска донесоа одлука за водевување на забрана за влез на своја територија на белорускиот претседател Александар Лукашенко и на неговите најблиски соработници.
Забраната за влез во ЕУ за Лукашенко и 30 членови на белорускиот политички врв, е донесена поради неправилностите на последните претседателски избори.
Унијата не ги замрзна сметките на санкционираните белоруски функциоери што ги имаат во земјите членки од ЕУ, но, најави дека подоцна би можела да прибегне и кон такви методи.
Првиот на листата на санкционирани функционери покрај Лукашенко, е шефот на неговата претседателска кампања Генадиј Навиглас, а потоа следуваат партиски и државни функционери, како и судии.
Правата реакција на официјален Минск е, дека одлуката на Унијата е „кратковида“.
„Ваквите кратковиди постапки очигледно се неефективни и можат само да ги усложнат проблемите, наместо да ги решат“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Белорусија Андреј Попов. Белорусија го отфрли обвинението на ЕУ и на САД, дека изборите на 19 март биле фабрикувани.
Лукашенко минатиот викенд положи заклетва на функцијата Претседтаел на Белорусија и влезе во својот трет мандат.
/крај/б/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

